Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка
ХРОНИКА

Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка

Објавено January 13, 2026 17:34
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство – Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, осомничено дека на 11 јануари на свиреп начин ја лишил од живот својата мајка.
Како што информира Обвинителството, настанот се случил во стан во Богданци, каде што двајцата живееле под закуп. Според наводите, меѓу мајката и синот избила расправија околу лекувањето на осомничениот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе убоди во главата и вратот.

Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните убоди жената искрварела и починала, стои во соопштението.

Поради постоење околности, додаваат, кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците што треба да бидат испитани во текот на постапката, јавниот обвинител предложи на лицето да му биде определена мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протеран Бугарин преку Деве Баир: Носел боксирач и транспарент со навредлива содржина
Следна Статија Леден дожд ги затвори аеродромите во Виена, Будимпешта и Братислава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во…

May 11, 2026
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка во Скопје

Возач и неговата сопатничка, двајцата од Скопје, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на…

May 24, 2025
ХРОНИКА

Маж заврши во болница, откако му екплодирал болјер во станот

Електричен бојлер експлодирал пред два дена  околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П.,…

December 28, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Објавена снимка од вечерашното пукање во кафуле во Штип

Штипската телевизија Стар на својата Фејсбук страница објави снимка од вооружениот инцидент кој се случил вечерва во кафуле во Штип…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?