Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Забележано движење на лавина на подрачје на НП Шар Планина – нема пријави за исчезнати луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Забележано движење на лавина на подрачје на НП Шар Планина – нема пријави за исчезнати луѓе
МАКЕДОНИЈА

Забележано движење на лавина на подрачје на НП Шар Планина – нема пријави за исчезнати луѓе

Објавено January 29, 2026 13:08
Сподели
Сподели

Националниот парк Шар Планина преку соопштение ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моменто е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината што се наоѓаат на надморска височина над 1.700 метри.

Тие објаснуваат дека зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ги температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. Овие фактори, во комбинација со релјефните карактеристики на теренот, создаваат услови за нестабилност на снежната покривка и појава на лавини.

– По добиена дојава од операторот за слободно скијање со ратраци „Ескимо спорт“ за забележана лавина на подрачјето на паркот, екипа на Националниот парк Шар Планина излезе на терен и изврши увид на локацијата на која е потечена лавина. Претходно, екипа на операторот „Ескимо спорт“ извршила пребарување на лавинскиот терен со употреба на лавински уреди, при што е констатирано дека во лавината нема затрупани лица кои со себе поседуваат лавински уреди, а до овој момент нема пријави за исчезнати лица. За среќа, настанот поминал без човечки жртви – соопштуваат од Националниот парк.

Паралелно со теренскиот увид била спроведена и експертска анализа на стабилноста на снежната покривка од страна на стручен тим од образовна институција специјализирана за безбедност во планинскиот туризам.

– Во согласност со извршената процена, утврден е висок степен на лавинска опасност – степен 4, според европската скала за оценување на лавинскиот ризик  (5 – многу висок, 4 – висок, 3 – значителен, 2 – умерен, 1 – низок).Националниот парк Шар Планина ги предупредува сите посетители да постапуваат со зголемена претпазливост, да избегнуваат движење во потенцијални лавински зони, како и да не се движат во повисоките делови на планината без придружба на квалификувани и стручно обучени лица. Истовремено, се апелира посетителите навремено и точно да ја пријавуваат својата посета преку официјалната веб-страница на паркот – се вели во соопштението.

Стручните служби на Националниот парк Шар Планина, во соработка со туристичките оператори и експертите за лавини, континуирано ќе ја следат состојбата на терен и навремено ќе ја информираат јавноста за сите промени поврзани со лавинската опасност.

– Потсетуваме дека зимските убавини на Шар Планина претставуваат исклучителна природна атракција, но истовремено бараат високо ниво на одговорност, информираност и строго почитување на безбедносните принципи и правилата за движење во заштитено подрачје. Дополнително, важно е да се нагласи дека лавинската опасност е тешко предвидлива појава, која бара значителна експертиза и внимателна процена и на теренските и на временските услови – потенцираат од НП Шар Планина. 

Од таму со апел до сите посетители личната безбедност да ја стават на прво место и да придонесат кон безбедно, одговорно и одржливо користење на планината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бари Вајс до CBS News персоналот: Без промена на стратегијата, ‘ние сме готови’
Следна Статија Самсунг објавува прв тизер за Galaxy S26 со “Приватен дисплеј” [Галерија]

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Писмо на бугарскиот шеф на дипломатијата до Брисел: Македонија не ги исполнува обврските

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Марта Кос, планот за раст главна тема

 Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ - Западен…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се слави Свети Стефан, еве кои обичаи треба да се направат денеска

Денеска е третиот ден од Христовото раѓање – Божиќ, а на овој ден православните Христијани го празнуваат Свети архиѓакон и…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?