Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши маршот на семејствата на настраданите во „Пулс“ во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Заврши маршот на семејствата на настраданите во „Пулс“ во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Заврши маршот на семејствата на настраданите во „Пулс“ во Скопје

Објавено April 29, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заврши денешниот марш на семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Скопје,

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази уверување дека правда за овој случај мора да има „ако сакаме да имаме нормална држава“ посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент. Министерот, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник, откако претходно семејствата на настраданите повикуваа на одговорност и неселективна правда.

Пред почетокот на средбата, Тошковски упати извинување кон семејствата на настраданите за тоа што досега не ги примил на средба, но, како што рече, со дел од родителите веќе има разговарано.

– Ве молам да седнеме да разговараме и да ја тргнеме политиката на страна. За сите работи што ве интересираат спремен сум да разговараме, не денеска, не вчера, туку цела година ако сакате ќе збориме, за тоа што треба да збориме. Се извинувам што не сум ве примил до сега, имам примено дел вас, имам разговарано со дел од вас, немам со сите вас разговарано, но извинете од дното на душата за тоа, рече Тошковски.

Маршот започна пред Јавното обвинителство, каде дел од семејствата на настраданите се сретнаа со јавниот обвинител и тимот на обвинители кои ја водат истрагата за пожарот, потоа продолжи пред законодавниот дом, од каде повикаа на одговорност и оставки од пратениците. Пред законодавниот дом, тие имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратениците Борис Крмов и Јована Мојсоска, потоа и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор со лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на 46. собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, инфомираше дека министерот Тошковски ќе ги прими на средба семејствата на настараданите во пожарот, по што од пред собраниската зграда тие се упатија пред Министерството за внатрешни работи.

Дел од семејствата, претходно, влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај, по што од Јавното обвинителство преку соопштение велат дека ги информирале блиските за досегашниот тек на истражната постапка и одговарале на нивните прашања и дилеми.

– Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес, стои во соопштението од Обвинителството.

Оттаму велат дека Обвинителството продолжува интензивно да презема дејствија на распити и вештачења од кои најголем дел од прелиминарните резултати се очекуваат во следните неколку дена.

– Во истрагата се ангажирани максимални капацитети од сите истражни органи и се вклучени десетици стручни лица од различни области, дополнуваат од ЈО.

Во исто време, Обвинителството упати и отворен повик до сите граѓани кои располагаат со лични сведоштва, информации или докази поврзани со работата на клубот „Пулс“ и поврзаните фирми, како и за надлежните институции, да ги споделат преку специјално изготвен формулар достапен на веб-страницата на Обвинителството (www.jorm.gov.mk).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Со се колата ме дигнаа – Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот
Следна Статија Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани, како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација

Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

О2 бара кривична одговорност и одземање на „А“ интегрираната дозвола на рудникот Тораница

Кривична одговорност и одземање на А интегрираната дозвола од рудникот Тораница, од Општина Крива Паланка . Ова го бараат од…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наследникот на Коцевски мора да добие „виза“ од Советот на јавни обвинители

Владата не треба да добие позитивно мислење од Советот на јавни обвинители за да го разреши републичкиот јавен обвинител Љупчо…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР го зголеми надоместокот за престој на странци од три на 100 евра

МВР за речиси 3.200 проценти го зголеми надоместокот на образец за постојан престој на странец за кого е задолжително пополнување…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?