Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Завршните зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче презакажани за 9 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Завршните зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче презакажани за 9 јуни
ХРОНИКА

Завршните зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче презакажани за 9 јуни

Објавено May 30, 2025 18:52
Сподели
Сподели

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител.

Судењето треба да продолжи со завршни зборови на Обвинителството, откако со минатото рочиште заврши доказната постапка.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавност дека главната расправа за предметот со К. Бр. 1339/24 поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и Велешанецот П.Ж. насроечна за 02.06.2025 година, по барање на надлежниот јавен обвинител, се презакажува за следниот, веќе насрочен термин, на 09.06.2025 година во 10:00 часот. Имено заради обемноста на предметот, изведените материјални и вербални докази, дополнението на доказната постапка, како и потребното време за соодветна подготовка на завршните зборови, прифатено е барањето за презакажување на расправата, за што странките ќе бидат известени, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

На миантото рочиште во Основниот кривичен суд Скопје беа изведувани дополнителни докази од страна на одбраната на обвинетите Палевски, Видевски и Ѓорчевски, додека одбраната на останатите двајца обвинети Манев и Кешишев не предложи докази во дополнението на доказната постапка. Првообвинетиот Љупчо Палевски најпрво приговараше на образложението на Основното јавно обвинителство во врска со сметањето на времето. Според него, времето од снимките во дворот на Велибор Манев кои претходно ги изведе Обвинителството пред Судот, не се во реално време иако биле вештачени и потврдени од МВР Форензика.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто
Следна Статија Трајанов: Предлог законот за една изборна единица ќе го доставиме во Парламентот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали за трагедијата во која 2-годишното дете почина поради тешки повреди на мозокот

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, утрово почина како резултат на многу…

January 2, 2026
ХРОНИКА

Нападот на Раде Штекли беше најавен на ТикТок: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат

Нападот со бомба на Раде Штекли беше најавен на социјалната мрежа на ТикТот. Имено, на ТикТок како најава е објавено…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Тошковски: Колега полицаец загина во кочанската дискотека при вршење контрола

Колега полицаец загина во пожарот во кочанската дискотека при вршење контрола за наркотици и недозволени психотропни супстанци, соопшти пред малку…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Полицијата трага по Гоце Трајковски – клучниот сведок во случајот со убиството на Вања

Во Кривичен суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци. Еден од сведоците…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?