Загадениот воздух зема над 4.000 животи годишно

- Advertisement -

Ова е констатацијата на Институтот за јавно здравје од каде посочуваат дека Македонија губи 4.175 животи кои можат да се препишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ честичките.

Според последните проценки од минатата година кои се однесуваат на периодот 2020-2022 година, годишно умираат околу 290 луѓе на 100.000 жители заради тековниот квалитет на амбиенталниот воздух.

„Долготрајната изложеност на високо ниво на загадување на воздухот е поврзана со повисоки стапки на смртност од кардиоваскуларни болести, респираторни заболувања и рак. Кога станува збор за амбиентното аерозагадување, станува збор за еколошка нееднаквост која ги влошува здравствените разлики, што доведува до повисоки стапки на астма, кардиоваскуларни болести и други здравствени проблеми особено на оние сиромашните и социјално загрозените групи на население“ алармираат од ИЈЗ.

Сподели ја оваа статија