Дали војната во Украина, поточно обновата која треба да дојде на земјата со европски пари, ќе го потурне влезот на земјите од регионот во Европската унија. Ова прашање се поставува откако на Минхенската безбедносна конференција се поотворено се споменува можноста за нов пакет земји кои ќе станат членки на ЕУ, но со многу услови и условувања.
Интересот на ЕУ е пред се Украина која ја помага и финаниски и воено и за која ќе треба многу пари по завршување на воениот конфликт со Русија. ЕУ на секои три-четири месеци и префрлаат по неколку стотици милијарди евра на Украина кои сега не се знае каде завршуваат и одат буквално во бунар поради високото ниво на корупција во земјата. Затоа ЕУ сака да има контрола како се трошат нејзините пари, а тоа најдобро се прави кога ќе ја имаат Украина под свое владение.

Затоа планот на Брисел е на брза лента да ја внесе Украина во ЕУ. Но, бирократите во Брисел добро знаат дека тоа ќе наиде на огромно незадоволство прво во земјите членки, пред на Унгарија, а потоа и во земјите од Западниот Балкан кои се вечни кандидати за членство. Поради тоа, најверојатното сценарио е Украина и земјите од регионот кој и онака имаат и внатрешни реформски проблеми, но и спорови со земјите-членки.
За нас е добро што Македонија е дел од плановите на ЕУ. За ова проговоре вчера и премиерот Мицкоски.
Постои една идеја која се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа мировниот план за Украина во кој практично интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамки на ЕУ би била на брза лента. Тоа би било непринципиелно кон Западен Балкан и постојат две сценарија. Добро е што и ние сме во двете сценарија. Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да стане членка на ЕУ и тоа на почеток на 2027, седне на масата, се развиори македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Да учествуваме во работата на советот, комисиите, телата, со многу внатрешни контролни механизми, рече Мицкоски.
Што ова значи
Македонија, но и другите земји во регионот би биле формални членки на ЕУ, но би имале комесари, право на глас и право на вето. Завбележително е што во оваа група на земји ја нема Србија. За Србија веројатно прво ќе се бара решение во спорот со Косово, но најверојатно и Македонија прво ќе треба да ги направи уставните измени на барање на Бугарија. Тоа полесно би се „продало“ кај македонските граѓани кои сега се против влез на Бугарите во Уставот.

Безбедносниот аналитичар Милан Стефановски за „Пресинг ТВ“ објаснува декаЕвропската унија низ призма на конфликтот во Украина и неговото завршување порано или подоцна подготвува план за брз влез на Украина во ЕУ. Според него, тој план ги суспендира сите правила, механизми и стандарди кои ЕУ ги има етаблирано во своето законодаство. Тоа значи интересите на геополитиката се пред правилата.
Така било одсекогаш, ништо поразлично не беше контекстот кога влегоа и Бугарија и Романија во ЕУ. Ако Западен Балкан ЕУ го перцепира како дел од големата слика во мозаикот на геополитичките односи, тогаш Македонија и цел западен балкан ќе бидат дел од тој пакет на проширување. Тоа пак говори дека Владата е во право кога не прави сега непронципиелни договори со Софија и повторно е во право кога вели дека овој моментум иако е неферски е факт во реал политиката. А, дали новите членки ќе имаат право на глас, или тоа ќе биде оставено преку процес на реформи и дијалог внатре е ирелевантно во контекстуална и суштинска смисла во овој момент, објаснува Стефановски.