Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запалени гуми пуштени да се тркалаат причина за пожарот кај Желино, МВР е на терен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Запалени гуми пуштени да се тркалаат причина за пожарот кај Желино, МВР е на терен
ХРОНИКА

Запалени гуми пуштени да се тркалаат причина за пожарот кај Желино, МВР е на терен

Објавено July 19, 2025 17:52
Сподели
Сподели

Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за нов пожар, во општина Желино, кој се движи кон тетовско Еребино. Итно е испратена екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и екипи на ТППЕ Тетово, каде веќе дејствуват на гаснење на пожарот, а набргу ќе пристигнат и две возила на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хермелин, изјави денеска Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи.

Се уште активен е пожарот во село Нивичино, општина Василево, каде гори нискостебелеста шума. Активен пожар има и во село Грешница, општина Македонски Брод, кој зафатил мешана шума и ниска вегетација. Во општина Прилеп активен е пожарот меѓу селата Царевиќ и Смолани, каде гори мешана шума и ниска вегетација.

Добивме информација дека во општина Сарај има пожар до обиколница, каде гори сува трева. Поради силен ветер, пожарот во Велес меѓу селата Џидимирци – Крушје – Иванковци повторно е активиран со краци во неколку правци, рече Вчкова.

Под контрола се ставени пожарите во село Николиќ во општина Дојран, пожарите во општина Демир Хисар, во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде постои, како што рече, внатрешно минимално догорување.

Таа информира дека во текот на денешниот ден покрај ТППЕ и екипите на ЈП „Национални шуми“, во гаснењето на пожарот кај селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп ангажирани се и два ер-трактори на ДЗС за воздушна интервенција, а на пожарот кај село Нивичино во општина Васелево интервенираа два хеликоптери, еден на МВР, а еден на Армијата. За поддршка на терен се ангажирани и две специјализирани возила на ДЗС и 15 припадници на специјалните полициски сили.

На пожарот кај село Грешница, општина Македонски Брод испратено е едно специјализирано возило со екипаж од марката „Пинц Гауер“ на ДЗС за поддршка на копнените сили. Кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во општина Велес ангажирани се две возила „Пинц Гауер“, како и 30-тина припадници на Армијата. Дополнително хеликоптер на МВР ќе биде ставен во готовност и ќе интервенира по потреба, во согласност со приоритетите што ќе ги утврди Главниот штаб во текот на денот, појасни Вчкова.

Специјализирани тимови на ДЗС ќе бидат вклучени по проценка на ситиацијата на терен.

На пожарот помеѓу Желино и Еребино дејствуваат еден армиски хеликоптер, еден полициски камион марка МАН со цистерна од 8 тона и воден топ, два пинцгауери, еден хермелин, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ТППЕ Тетово. Два ер трактори ќе полетаат во 16.00 часот, сооптши директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Неофицијално, според изјавите на тетовските пожарникари, овој пожар започнал од запалени гуми кои се тркалале. Ангелов вели дека МВР работи на расветлување на случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола
Следна Статија (ВИДЕО) Пендаровски за Лајм ТВ – Нема друга логика освен Милошевиќ да го нарачал атентатот на Глигоров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Никој не е над законот“: Полициска рација во МВР, осомничени началници и повеќе вработени

Работниот ден во седиштето на МВР започнал со претреси и одземање на службена документација во канцеларии на началници и вработени…

February 5, 2025
ХРОНИКА

За 250 евра, во кутија со колачи Васил кој ја прегази Фросина добил мобилен во „Шутка“

Возачот кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а…

February 2, 2025
ХРОНИКА

Зошто никој не нѐ извести дека осомничениот, кој добро го знаеме, побегнал од Психијатрија, прашуваат од прилепското Социјално

Социјални работници во Прилеп, Неготино и Тетово во текот на денешниот ден изразија поддршка за нивната 36-годишна колешка, која вчера…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Прилепчани уплатиле пари на скопјанец за работа во Германија: Останале без пари и без работна виза

Вчера во 12.00 часот во ОВР Прилеп, две лица од Прилеп на возраст од 39 и 31 година пријавиле дека…

November 19, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?