Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Ниш и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.
Valjevo ‼️
Gore prostorije sekte 👇 pic.twitter.com/HoidZCPMDY
— Ne lomite mi bagrenje (@janjic_vladan) August 16, 2025