Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
МАКЕДОНИЈА

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Објавено December 14, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво влијание за одвивањето на авиосообраќајот, информираат од М-НАВ.

-По одржаниот Kick-off состанок со тимот на Леонардо и домашните компании ангажирани како подизведувачи, кој се одржа на 01.12.2025 година, денес официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар, велат од М-НАВ.

Оттаму посочуваат дека оваа фаза претставува значаен чекор во рамки на проектот за модернизација на системите за надзор на воздушниот сообраќај.

-Процесот се реализира со висок степен на координација и професионална посветеност, при што посебно се истакнува напорното залагање, ангажманот и експертизата на стручниот и технички персонал, кој има клучна улога во реализацијата на ваков комплексен проект, се наведува во соопштението.

По завршувањето на демонтажата, како што информираат од М-НАВ, ќе следуваат дополнителни градежни активности за поставување на новата конструкција, како и инсталација на новиот современ Мод S радар, со што значително ќе се унапреди безбедноста и ефикасноста на управувањето со воздушниот сообраќај.

Согласно предвидената динамика, целосното пуштање на новиот радар во оперативна употреба се очекува во јуни 2026 година.

-Менаџментот, во тесна соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, останува цврсто посветен на спроведување и конечно завршување на стратешките проекти, кои од неразбирливи причини со години тапкале во место, со јасна цел – модерна, безбедна и функционална воздухопловна инфраструктура, велат од М-НАВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп се определува за нов претседавач на Федералните резерви
Следна Статија Гугл и Епл издаваат итни безбедносни ажурирања после напади со нулта ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се бара одговорност: Ископувањата околу изворот „Шум“ се причина за матноста на водата во Струга

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам

Во земјава се следи состојбата во однос на радикализацијата и поттикнувањето на екстремизам, по разни основи. Присутни се обиди за…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Одложено судењето за експретседателката на ДКСК

Денешното судско рочиште во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, беше одложено…

January 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за избор на претседател на ДКСК

Во Собранието денеска почна со работа Комисијата за селекција на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?