Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците
Blog

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците

Објавено November 26, 2025 20:19
Сподели
Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. ДСЗИ нареди и вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето, а земени се и мостри од работните површини. Од Институтот за јавно здравје најавија дека првичните информации за тоа што се случило и зошто децата добиле стомачни проблеми ќе се знаат утре.

Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов попладнево за МИА изјави дека кујната е затворена, како потенцијален извор на зараза, а издадено е решение за забрана за работа, во кое се наложуваат и мерки кои треба да ги преземе операторот, односно вонредно чистење, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена институција и спроведување вонредни здравствено-хигиенски мерки за вработените.

– За констатираната фактичка состојба ќе биде изготвена информација дополнително, по завршување на надзорот. ДСЗИ спроведува вонреден координиран инспекциски надзор по добиеното известување од одделението за епидемиологија на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје за појава на стомачни тегоби кај ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје, согласно Националниот протокол за постапување на надлежните институции во случај на сомнение и појава на алиментарни инфекции и интоксикации, рече Лазов.

Додаде дека надзорот се спроведува во соработка со Агенцијата за храна и ветерина, Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска за МИА изјави дека од ОУ „Димо Хаџи Димов“ се земени многу мостри на кои се работи попладнево и ќе се работи и во текот на целата вечер. За некои од испитувањата, како што вели таа, потребно е време, но најави дека првичните информации за тоа што се случило и зошто децата добиле стомачни проблеми ќе се знаат утре.

До здравствените власти има пријави за влошена здравствена состојба со стомачни тегоби кај девет деца, иако денеска од настава отсуствувале 80-тина деца. Според информации на МИА, неколку дечиња поради стомачни проблеми и дехидрираност се хоспитализирани. Освен кај ученици, досега не се пријавени симптоми од вработените во училиштето.

Андоновска претходно денеска информираше дека екипа од техничар и епидемиолог од ИЈЗ беа во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, по сомнежот за труење на ученици. Земени се брисеви од раце, нос и грло на вработени во училишната кујна, од работните површини, а земени се и мостри од храна и вода. Освен ИЈЗ, во училиштето постапуваа и екипи на ДЗСИ и АХВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Италија го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор
Следна Статија Агелер: Помалку зборување, повеќе акција во правосудството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Бафет има повеќе од 325 милијарди долари во кеш по продажбата на акциите на Apple

Американскиот милијардер Ворен Бафет моментално поседува повеќе од 325 милијарди долари во готовина, откако оваа година продаде акции на Apple…

November 2, 2024
Blog

Apple нуди милион долари на секој што ќе успее да го пробие нивниот нов систем за вештачка интелигенција

Apple објави предизвик од 1 милион долари за тестирање на нивниот нов безбедносен систем со вештачка интелигенција, што претставува нов…

October 27, 2024
Blog

Банда гробари: Отвораат ковчези и крадат златни заби од мртвите во Австрија и Германија

Австриската јавност е запрепастена од бранот морбидни злосторства што со месеци ги тресат гробиштата низ целата земја. Организирани групи крадци…

May 25, 2026
Blog

Blue Owl Creates a New Private Credit Escape Hatch – Bloomberg.com

More circular financing.

February 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?