Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење на над 110 работници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење на над 110 работници
МАКЕДОНИЈА

Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење на над 110 работници

Објавено March 26, 2026 13:10
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со здравствените институции, привремено ја затворија кујната на операторот што го снабдува со храна комбинатот РЕК „Битола“. Одлуката доаѓа по серијата пријави за стомачни тегоби кај вработените, кои конзумирале лазања со сос.

Досега се регистрирани вкупно 111 лица кои побарале лекарска помош во Инфективното одделение во Битола. Од АХВ информираат дека се земени мостри од храната, како и брисеви од вработените и работните површини.

„Во согласност со Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е привремено затворена, односно дадена е забрана за вршење дејност подготовка и послужување храна од неа сè до завршување на инспекциската постапка и добивање уредни наоди“, соопштија од АХВ.

Додека трае истрагата, работниците во РЕК „Битола“ добиваат сув ладен оброк. Од хотелот „Молика“, кој управува со кујната, тврдат дека станува збор за изолиран случај со лесна клиничка слика кај одреден број вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест македонски волови ја преминаа бугарската граница кај Ѓуешево и станаа проблем
Следна Статија Гаши против „ад-хок“ отворање на Уставот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стужанецот Коста со порака до синот на Бучковски: Се уште носам лузна од пендрек од специјалците што ни ги пушти татко ти

Стружанецот Коста кој бил дел од протестите во Струга за законот за децентрализација на Фејсбук му се обрати на синот…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР објави повик за ученици во Средното полициско училиште

МВР објави јавен повик за запишување на ученици во Средното полоциско училиште, кое продолжува да функционира по 25 години пауза. -ЈАВЕН ПОВИК…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?