Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина
СВЕТ

Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Објавено March 20, 2025 18:32
Сподели
Сподели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги наруши руско-американските преговори за Украина.

„Сето ова јасно го покажува непроменливиот курс на раководството на Европската унија и на мнозинството нејзини членки во насока на поткопување на руско-американските напори за изградба на дијалог за изнаоѓање начин за мирно решавање на украинскиот конфликт“, рече Захарова на брифингот, пренесува РИА Новости.

Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на средбата и составот на делегациите.

Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение за украинската криза.

„Оние кои сакаат да постигнат мир во Украина, природно ќе се залагаат за што поскоро прекинување на милитаризацијата на терористичката банда претставена од властите во Киев“, истакна портпаролката на руското министерство и предупреди дека испораката на оружје за Украина „го попречува решението и директно ги вклучува земјите од НАТО во конфликтот, нагласувајќи дека тие „си играат со оган“, пренесува Танјуг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Гренланд почна бојкот на американски стоки
Следна Статија Црвен крст: Досега обезбедни 42.7 милиони денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Шефот на OpenAI обвинет од неговата сестра за силување, тој негира се

Ен Алтман, сестрата на извршниот директор на OpenA, Сем Алтман, поднесе тужба против нејзиниот брат тврдејќи дека тој редовно сексуално…

January 8, 2025
СВЕТ

Во Копенхаген и други дански градови се одржаа протести за поддршка на Гренланд

Во главниот град на Данска, Копенхаген, денеска се одржа протест каде имаше илјадници луѓе против плановите на американскиот претседател Доналд…

January 17, 2026
СВЕТ

Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени

Најмалку 50 лица, меѓу кои четири деца, се повредени во „ужасен“ инцидент во Ливерпул, откако автомобил удри во толпа луѓе…

May 27, 2025
СВЕТ

Руска медицинска сестра скокнала врз ранет војник и со своето тело го спасила од украинска граната

Медицинска сестра во рамките на руските вооружени сили со своето тело заштитила ранет војник од украински гранати. Како што објави…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?