Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична пријава било политички притисок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > За градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична пријава било политички притисок
ПОЛИТИКА

За градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична пријава било политички притисок

Објавено June 11, 2025 19:46
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Росоман Стојан Николов, денес на прес конференција во Општината, поднесувањето на кривична пријава против него од страна на Финансиската полиција го оцени како политички притисок. Тој целосно ги отфрли сите наводи во кривичната пријава од финансовата полиција, оценувајќи ги како политички притисок пред избори.

  • Во однос на тоа дека сум фалсификувал документи и тоа целосно го демантирам, ниту досега, ниту отсега ќе го правам тоа. Општина Росоман ја раководам одговорно и чесно во изминативе години, така ќе се продолжи во периодот што следи. Во однос на вторите наводи каде што сум обвинет за злоупотреба на службената полжба и стекнување на противправна имотна корист, односно за репрезентации, прехранбени продукти и горива и тука целосно демантирам. Затоа што, знаете дека сите овие ставки се предвидувааат со буџетот, се менуваат со ребаланс, се усвојуваат со завршна сметка. Исто така целосно демантирам дека сум користел вакви средства за да купувам прехранбени продукти, пијалоци за потреби што не се на општината. Сите овие ставки се искористени за потребите на општина Росоман, Советот на општината но и за манифестациите што ги организира општината, социјални пакети и друго. Сето ова, доколку обвинителството цени, ќе го докажам со докази и документи доколку е потребно, истакна тој.

Притоа рече дека очекува јавното обвинителство да ја отфрли оваа пријава, нахласувајќи дека негов интерес се само граѓаните и нивните потреби и доброто на општина Росоман.

  • Општина Росоман во изминативе четри години под мое водство заедно со општинска администрација, заедно со Советот, можам да кажам дека од рурална општина прерасна во урбана општина, рамо до рамо со поголеми општини. Кривичната пријава од страна на финасовата полиција е само еден мал сегмент од притисокот што се прави врз мене и општина Росоман. Замислете пред две недели за документи што се земаат по службена должност по пат на допис, во општина Росоман упаднаа припадници на МВР, небаре овде има криминална група. Исто така не ни дадоа и согласности за отварање на новиот дел на градинката, нагласи Николов.

Управата за финансова полиција вчера до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман, за фалсификување исправа.

Според соопштението на Управата, пријавениот С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман, постапил спротивно на Закон за градење, на начин што изготвил 6 лажни јавни исправи, од кои 4 одобренија за градење и 2 одобренија за реконструкција на улици, ги употребил како вистински во правниот промет, на кој начин биле искористени парични средства во износ од 14.023.318 денари обезбедени од страна на Центар за развој на Вардарски плански регион – Биро за регионален развој, парични средства во износ од 6.740.517 денари обезбедени од страна на општина Росоман и парични средства во износ од 15.134.066 денари обезбедени од страна на Министерство за транспорт.

На кој начин, се додава, спротивно на законските прописи, на штета на буџетот на општина Росоман, Центар за развој на Вардарски плански регион – Биро за регионален развој и Министерство за транспорт, противзаконски биле искористени парични средства во вкупен износ од 35.897.901 денари.

Според соопштението, тој свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, ги надминал предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за репрезентација донесени од страна на Совет на општина Росоман, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за горива и масла, отпишувајќи и овозможувајќи од сметката на општина Росоман да се исплатат парични средства за нафтени деривати за возила кои не се во сопственост на Општината, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во буџетот на Општината за трошоци за прехранбени производи и пијалаци.

Пријавениот, според пријават од Финансова, причинил штета на буџетот на општина Росоман во вкупен износ од 2.876.329 денари, со што го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лишен од слобода возач од струшко, управувал возило со 2,61 промили алкохол во крвта
Следна Статија Протести во Лос Анџелес: Фрлен молотов коктел врз полицијата, масовни апсења

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за репресија и политички прогон: Власта влегува во последна фаза пред избори

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, реагираат од СДСМ. Во продолжение…

December 31, 2025

Внатрепартиски судир во Републиканската партија: Гласањето за царините продолжува

Процедуралниот предлог не успеа со тесно мнозинство од 217 наспроти 214 гласови

February 12, 2026
ПОЛИТИКА

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општина, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни

Во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа гостуваше пратеникот и член на ИК, Миле Лефков. Тој…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?