Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗА ДЕСЕТ ДЕНА: Уапсени 151 возач, одземени 53 возила и пишани 6.264 казни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗА ДЕСЕТ ДЕНА: Уапсени 151 возач, одземени 53 возила и пишани 6.264 казни
МАКЕДОНИЈА

ЗА ДЕСЕТ ДЕНА: Уапсени 151 возач, одземени 53 возила и пишани 6.264 казни

Објавено March 11, 2026 11:28
Сподели
Сподели

Изминатите 10 дена , како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат од МВР.

Од МВР посочија дека лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 151 лице, од кои 32 за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, три за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, 50 за возење без возачка дозвола, 12 поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени биле 53 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите 10 дена од месец март евидентирани се 1.477 прекршоци за неправилно паркирање, како и 110 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 43 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 238 пешаци и еден возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 754 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 67 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 79 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 25 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите
Следна Статија Трет брод нападнат во Ормуски Теснец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Магла на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и на ГП Богородица

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и граничен…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот

Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?