Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип
ЗДРАВЈЕ

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Објавено February 13, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што е за 5,1 проценти помалку во споредба со претходната недела.

Според податоците на Инстутот за јавно здравје, во однос на истата недела минатата годинa, сега е забележано зголемување за дури 53,6 проценти.

Од заболените оваа недела, 1.552 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години. 685 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 317 кај деца на возрст од 0 до 4 години, 272 кај лица над 65 години, информира директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Најмногу пријавени случаи на грип има во Скопје по што следуваат Струмица, Битола и Свети Николе.

Во однос на вкупниот број на заболени оваа сезона, досега има пријавено 11.614 лица, што во споредба со мината година претставува зголемување од 10,2 проценти.

„Како заклучок може да се констатира дека се забележува зголемување на бројот на зболени од вируси слични на грипот, кој е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени покажуваат дека има широка географска активност на вирусот, а проценот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Во согласност со податоците, Македонија има висок интензитет на вирусот на грип во овој период“, рече Андоновска.

Бројот на заболени е зголемен и во регионот и во другите европски земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени
Следна Статија ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Седум намирници за природна детоксикација на црниот дроб: Ги чисти мастите и ги исфрла токсините

Храната богата со растителни влакна и антиоксиданси може да помогне во детоксикацијата на црниот дроб. Таа го поддржува елиминирањето на…

August 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Срцева: Од овој понеделник започнуваме со отворени денови за директна комуникација со пациентите

Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од…

December 15, 2024
ЗДРАВЈЕ

Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот…

June 20, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Вилијам Фоеџ, лидер во искоренувањето на сипаниците, почина

Висок 2 метри, Фоеџ буквално се издвојуваше во областа на јавното здравство

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?