Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За криминал во прилепската болница: Притвор за шест лица, на 19 мерка за претпазливост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За криминал во прилепската болница: Притвор за шест лица, на 19 мерка за претпазливост
ХРОНИКА

За криминал во прилепската болница: Притвор за шест лица, на 19 мерка за претпазливост

Објавено October 22, 2025 19:08
Сподели
Сподели

Во случајот со Прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на шест лица, на 19 мерка за претпазливост, а на седум фирми забрана за учество во постапки за јавни набавки, потврди за МИА претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишковска.

Од шесте лица, четворица се од болницата, дел од поранешното раководство, а две лица се надворешни. Четворица од шесте осомничени – мажи притворот ќе го издржуваат во Затворот во Битола, а две жени во затворот во Шутка.

Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори истрага за вкупно 32 физички и правни лица.

Според обвинителството, сите се осомничени за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и проневера во службата. Со пријавата на Управата за финасиската полиција се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството ги испитува.

Осомничените, меѓу кои и поранешната директорка, раководители и други вработени на болницата, но и управители на осомничени правни лица го оштетиле буџетот на болницата за над 42 милиона и 700 000 денари. Сето тоа преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата.

Управата за финасиската полиција пред шест месеци почна да ја „чешла“ состојбата во Прилепската болница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со Стармер
Следна Статија УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајката молчела поради љубовна врска со него

Шокантен и исклучително вознемирувачки случај на сексуално насилство и семејно прикривање ја згрози јавноста во тетовскиот регион. Како што пренесуваат…

May 29, 2026
ХРОНИКА

Екс директорот на затворот Шутка осуден на осум месеци затвор

Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба…

December 31, 2025
ХРОНИКА

Нападнати и повредени шумски полицајци: Им се заканувале со моторна пола, остри и дрвени предмети

На 27.12.2024 година во 17:40 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.З.(57), Б.З.(36), В.В.(18) и едно…

December 28, 2024
ХРОНИКА

Се злоупотребиле податоци на 588 лица: Кривични пријави против две физички и две правни лица од Скопје

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?