Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За навредите на Миленко Неделновски кон жените СДСМ бара разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > За навредите на Миленко Неделновски кон жените СДСМ бара разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите
ПОЛИТИКА

За навредите на Миленко Неделновски кон жените СДСМ бара разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

Објавено September 18, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени поради неспособноста на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изнесува навреди и омаловажувања кон жените. Ваквото однесување мора веднаш и најстрого да биде санкционирано, изјави на денешната прес-конференција Панче Милевски Панта од Комисијата за спорт на СДСМ.

Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб не смее да си дозволи да има вакви личности во своите редови.

Ниту македонскиот спорт, ниту спортските работници, ниту навивачите, ниту граѓаните не заслужуваат човек кој шири омраза и навреди да биде претставник на клубот.

Очекуваме реакција и санкционирање од сите надлежни институции, јасна осуда од сите граѓански здруженија, организации, јавни личности, спортски клубови.

Повикуваме говорот на омраза и навредите кон жените веднаш да бидат осудени од Фудбалската федерација на Македонија и Масар Омерагиќ, Министерството за спорт и Борко Ристески, MOK како и од сите клубови кои се натпреваруваат во првата македонска фудбалска лига.

Спортот е вредност која поврзува, која промовира фер-плеј, почит и еднаквост. Во спортот нема место за ликови како Миленко Неделковски.

ВМРО-ДПМНЕ не смее да молчи туку веднаш треба да се огради и да го осуди говорот на Неделковски бидејќи молкот е соучесништво, а премолчувањето значи охрабрување на насилството.

Ова не прашање на политика, ова е прашање на лична безбедност, достоинство и почит кон жените во ова општество.

Време е да се заземе јасен став – нулта толеранција за навреди во спортот, особено кон жените“, истакна Милевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет
Следна Статија Димова: И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат корист да бидам осудена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари

Не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ на ниту еден елемент од Владата и по ниту една основа: формална,…

May 7, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот

ЗНАМ излегува со утврдени, континуирани резултати со преку 800-тини проекти во изминативе осум години, Куманово заслужува да продолжи да се…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?