Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: “За нашите браќа“: Граѓаните во Белград во редици за да дадат крв за повредените во пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > “За нашите браќа“: Граѓаните во Белград во редици за да дадат крв за повредените во пожарот во Кочани
БАЛКАН

“За нашите браќа“: Граѓаните во Белград во редици за да дадат крв за повредените во пожарот во Кочани

Објавено March 21, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Во Институтот за трансфузија на крв во Србија има долги редици хумани белграѓани кои трпеливо чекаат да даруваат крв за, како што велат, нивните браќа, сите млади повредени во страотниот пожар во Кочани, кој ја остави во црно Македонија и целиот регион. Дел од повредените во страшниот пожар се пренесени на лекување во неколку соседни земји, меѓу кои и во Србија, во Ургентниот центар во Белград, како и во Воено-медицинската академија (ВМА), но и во болниците во Ниш.

На улицата Свети Сава 39 во Белград има гужви по ходниците, по скалите, во чекалните, луѓето се трпеливи за да ги направат сите лекарски прегледи и доброволно да даруваат крв. По ходниците е молк, се слушаат само лекари кои повикуваат на хумани доброволни дарители, пренесуваат српските медиуми.

Вчера и денеска на социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа за долгите колони и големиот одѕив во Институтот за трансфузија на крв во Србија.

Во просториите на Институтот, граѓани за „Блиц“ раскажуваат како биле погодени од оваа страшна трагедија, а дел од нив денеска за прв пат даруваат крв.

Во нивните очи се гледа огромна солидарност и тага, некои останаа без зборови, повторувајќи само дека вакво нешто никогаш повеќе не треба да се повтори на Балканот, пишува медиумот.

Има и такви кои за прв пат доброволно даруваат крв, а еден од нив е и Милош Делиќ од Белград.

„Денеска сум првпат овде, но мојата сопруга е од Македонија и кога видов што се случи, секој од нас треба да дојде да даде крв и да помогне колку што можеме. Нејзин близок пријател беше пејачот Андреј од групата ДНК, кој за жал загина додека им помагаше на децата во пожарот. Во куќата има тага, но ќе помогнеме колку што можеме“, вели тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Побаран 30-дневен притвор за Бектеши и поранешни раководни лица во Mинистерство за економија
Следна Статија Погледнете што се случува на небото над Лондон: Еден поглед и јасно е каков хаос ја чека Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Годинава одиме на избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека оваа година во Србија ќе се одржат избори, посочувајќи го периодот меѓу октомври и…

January 26, 2026
БАЛКАН

Жена од Грција ја закопала мајка си во двор за да земa нејзината пензија

62-годишна жена која признала дека ја закопала мајка си во дворот од нејзината куќа за да може да земе надомест…

September 22, 2025
БАЛКАН

УДБА знаела дека младите момчиња од Цетиње боледувале од редок вид на шизофренија, не биле способни за служење војска

Се сеќавате ба убиството во Цетиње за Нова Година? Ова злосторство го отвори подзаборениот или прикриен случај со машките жители…

May 26, 2025
БАЛКАН

Пленковиќ: Четворица повредени од Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска

Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?