Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките
ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

Објавено September 13, 2025 16:52
Сподели
Сподели

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека сите се во источна Македонија, а причината е намалувањето на порачките од страна на странските партнери.

-Јас немам точен податок, но од она што ми го кажуваат колегите, на околу десеттина конфекции им е ставено клуч на врата. Сите се речиси од источниот дел, и тие што не затвараат ги намалуваат работниците, особено со заминување на постарите работници во пензија и немат намера да вработат нови луѓе и да ја одржат дејноста на она ниво што било порано, вели во изјави за МИА Димитров.

Тој посочува дека текстилниот сектор изминатите години преживеа три кризи, по што се намалија и налозите од традиционалните германски партнери. Димитров вели дека во моментов македонските текстилни конфекции работат на помали налози, бидејќи токму овие налози конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. Во оваа индустрија останаа да работат 25 000 работници.

-Од 2010 па наваму производството на облека се наоѓа во постојано опаѓање на бројот работниците, а со тоа опаѓа и бројот на работници и извозот. После корона кризата тоа опаѓање се засили, особено дојде до израз со проблемите што ги има германската економија, како наш најголем партнер. Почетокот на војната во Украина и енергетската криза, тоа предизвика пад на побарувачката на текстилни производи во Германија, што директно влијеше на работењето на нашите конфекции, изјави Димитров.

Тој вели дека во моментов во мирување се седниците на Економски-социјалниот совет, последната ја имале во август, а очекува да продолжат по изборите, на коишто ќе ги презентираат своите барања како работодавачи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина маж, откако паднал и бил прегазен од тракторот
Следна Статија Јадете и губите килограми: Есенски намирници што помагаат за слабеење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Сиљановска за ИПАРД: Одговорност мора да има

Претседателката Сиљановска Давкова денеска, за време на работната посета на Ресен, истакна дека ИПАРД фондовите се „мошне важни“ за државата…

November 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините по стара цена, дизелот поскапува

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,46%. Малопродажните цени на…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Народната банка и Централната банка на Холандија, по шеснаесетти пат, ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја…

October 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сточарите ќе протестираат ако не добијат субвенции до 20 март

Сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите за 2025 година. Сточарите од Карбинци се заканија со протести, информира Тв Стар. Итна…

March 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?