Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија
ХРОНИКА

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија

Објавено August 21, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам.

Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија. Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот образложувајќи ги околностите што го оправдуваат предлогот и упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство на осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе биде ли Бети Стаменкоска Трајкоска кандидатка за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО ДПМНЕ?
Следна Статија Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Росица Кулакова повика на протест: Судот по вторпат ја уби Фросина, во оваа земја убиството се исплаќа, правдата е слепа

Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство, реагира Росица…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Пожар во стан на 83 годишна скопјанка

На 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром…

October 21, 2024
ХРОНИКА

Финансиската полиција влезе во Пин петрол, сопственост на братучетка на екс министерот Спасовски

Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма „Пин Петрол“. Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?