Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За увид во состојбата во „м-КЛИК“ ќе одземаат пари од сметка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За увид во состојбата во „м-КЛИК“ ќе одземаат пари од сметка
ЕКОНОМИЈА

За увид во состојбата во „м-КЛИК“ ќе одземаат пари од сметка

Објавено April 27, 2025 09:48
Сподели
Сподели

НЛБ Банка од 23 јуни годинава го укинува надоместокот за физички лица за приклучок на интернет банкарство со право на трансакции со токен од 750 денари, но за увид во состојбата на сметка во МКЛИК ќе наплаќа по 20 денари месечно за одредени тарифи, пренесе Слободен печат. Според новиот предлог Тарифник на оваа Банка, која треба да стартува по 2 месеци, одржување од 45 денари месечно ќе плаќаат нивните клиенти, доколку на сметката имаат повеќе од 100 денари. За повлекување готовина од платежна сметка – на банкарските шалтери ќе се наплатуваат минимум 100, а максимум до 500 денари, додека за пензионерите и примателите на социјална заштита, минималната провизија ќе изнесува 60, а максималната провизија 500 денари.

За деблокада на платежна сметка клиентите ќе треба да платат 500 мкд, додека за уплати кон платежни сметки кои се водат во НЛБ Банка, провизијата ќе биде 60 денари, за трансакции до 10.000 МКД – 100 денари, а за уплати на режиски трошоци кон платежни сметки на правни лица со кои Банката има склучено посебен договор провизијата ќе изнсува 120 денари, стои во новиот предлог ценовник.

  • Ве известуваме дека Банката изврши измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица и правни лица, како и во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка, кои ќе се применуваат од 23.6.2025 година – стои во пораката која ја добиле клиентите на оваа Банка. Одтаму известуваат дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, клиентот ги прифаќа промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја извести Банката дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози.

Граѓаните реагираат нервозно на ваквите чекори на НЛБ Тутунска Банка Лани НЛБ пријавила речиси 54 милиони евра профит а сега се соочува со најголемата ПиАр катастрофа од формирањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Левица: Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро
Следна Статија Гаши: Нема потреба од паника, ниту од вонредни парламентарни избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“

Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“, објавија денеска кинеските медиуми. Информацијата се појави…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Најдобро е Чебрен да е македонски капацитет

Владата наследила катастрофална состојба во енергетскиот систем од претходните раководства, вели миннистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните имаат рок до 1 јуни да ги потврдат даночните пријави за 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?