Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење
ХРОНИКА

За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење

Објавено April 13, 2025 19:31
Сподели
Сподели

Денеска од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 12.00 до 16.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата беа контролирани вкупно 1.020 возила, при што биле преземени мерки против 247 учесници во сообраќајот. За безобзирно возење по чл.297 А од кривичниот законик лишено е едно лице од слобода, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 53 возачи, 33 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 62 возачи за управување мотоцикл без заштитна кацига, а изречени се 18 мерки за возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, пет возачи возеле без возачка потврда, а санкционирани се и 66 останати учесници во сообраќајот.

Привремено биле одземени три нерегистрирани возила, од кои два мотоцикли и едно патничко возило, а привремено биле одземени под сомнение за техничка исправност две возила, од кои еден мотоцикл и едно патничко возило.

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува Страдалната недела, ова се адетите за секој ден до Велигден
Следна Статија Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведен директорот на „Комунална хигиена“ – сомнежи за злоупотреби и непостапување во врска со кризата со отпадот во Скопје

Приведен е директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми. Единицата за Економски криминал при МВР попладнево одзема дополнителна документација и лиши…

October 27, 2025
ХРОНИКА

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија на претходна постапка

Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка…

July 21, 2026
ХРОНИКА

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

По вербала расправија 44-годишниот скопајнец Н.Б бил физички нападнат од вработен во Управата за водење матични книги во Центар. Настанот…

October 27, 2024
ХРОНИКА

Покрај Капушевски и бизнисменот Јахоски обезбеден од полицијата!

Неофицијално, денес Бирото за јавна безбедност, со останатите надлежни институции, почнале координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?