Уште еден телевизиски канал исчезна од македонската медиумска сцена. Телевизија Сонце, која подолг период беше дел од националниот кабелски телевизиски простор, повеќе не емитува програма.
Корисниците на кабелските оператори забележуваат дека каналот е недостапен, а на негово место се појавува порака за немање сигнал или целосно затемнет екран, што упатува на прекин на работата.
ТВ Сонце се издвојуваше со програма насочена кон теми од македонската историја и култура, како и содржини посветени на иселениците и македонската дијаспора ширум светот. Медиумот беше основан од бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и со години имаше препознатлив уредувачки пристап.
Засега нема официјално соопштение за причините поради кои телевизијата престана со емитување, а неизвесна останува и иднината на вработените кои работеа во овој медиум.