Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зголемен број на туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Зголемен број на туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…
ЕКОНОМИЈА

Зголемен број на туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Објавено July 31, 2025 10:21
Сподели
Сподели

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од: Франција, Германија и Велика Британија.

Министерството за култура и туризам ги анализираше најновите податоци за движењето на странските туристи во Македонија за првите пет месеци од 2025 година, во однос на истиот период во 2024 година, при што е забележан пораст од 23,6 % кај странските туристи и раст од 18,7 % кај остварените ноќевања.

Во првите пет месеци од 2025 година, туристичкиот промет во Македонија бележи значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година.

Посебно се издвојува Германија со раст од 219 % во бројот на туристи и 146 % во ноќевања, што укажува на видно зголемен интерес на германските туристи за посета на нашата земја. Франција бележи највисок пораст со 398 % повеќе туристи и 303 % повеќе ноќевања, со што се позиционира како нова стратешка цел на туристичките политики. Велика Британија забележува значително зголемување од 204 % во бројот на туристи и 139 % во ноќевањата. Турција, која беше водечки пазар во 2024 година, продолжува со стабилен раст од 11 % во бројот на туристи и 21 % во ноќевањата, задржувајќи ја својата прва позиција според вкупниот број на туристи и ноќевања. Овие резултати ја потврдуваат позитивната динамика и зголемениот интерес за Македонија како атрактивна туристичка дестинација на европската мапа.

„Македонија бележи растечки интерес кај странските посетители за културен туризам во месеците надвор од традиционалната сезона, што значително придонесува за анулирање на сезонскиот туризам, зголемување на вкупните туристички приходи и засилување на локалната економија. Овој тренд е од исклучително значење затоа што создава континуирана туристичка активност низ целата година, ги ангажира локалните заедници, занаетчии, водичи и угостители, и овозможува рамномерен економски развој и надвор од туристичките центри“, соопшти Министерството и најави дека ќе ги искористи овие податоци за прецизно насочување на промотивните активности, подготвување на програмата на секторот туризам, јакнење на авионските врски со новите пазари и активна поддршка на туристичките оператори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Илјадници го пречекаа Осимен во Истанбул
Следна Статија РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА USLUGI.GOV.MK Апел од Андоновски до сите млади да се подготват за ваучер за лаптоп или таблет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар –…

June 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите

Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен. Тоа беше пораката на денешниот настан на…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?