Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Здружение на судии: Се оградуваме од секој корумпиран судија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Здружение на судии: Се оградуваме од секој корумпиран судија
МАКЕДОНИЈА

Здружение на судии: Се оградуваме од секој корумпиран судија

Објавено January 21, 2026 11:07
Сподели
Сподели

Здружението на судии на Република Македонија (ЗСРСМ) соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со притворањето на судија од Апелациониот суд во Скопје и изрази јасна поддршка за надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.

Од Здружението очекуваат надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, во која ќе бидат утврдени сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таква постои, без селективност и со целосно почитување на законските процедури.

Во соопштението се наведува дека, во случај на докажана корупција, Здружението јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со своето незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Притоа се нагласува дека ваквите појави не смеат да се генерализираат и да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција.

Здружението апелира на целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии, како и на воздржаност од генерализации и сензационализам кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Здружението на судии смета дека ваков принципиелен и одговорен пристап треба да биде применет и кон сите други општествени чинители и функционери кои се склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за губење на довербата на граѓаните во институциите и во системот во целина.

Здружението на судии нагласува дека при секоја постапка мора доследно да се почитува уставното начело на пресумпција на невиност, како еден од темелните принципи на владеењето на правото и правната држава. – Во овие моменти на граѓаните не им е потребен сензационализам ниту органите на прогон ниту од политичките структури, напротив потребно е да покажеме достоинство, не селективен пристап и отчетност, со целосно почитување на човековите права и Европските вредности кон кои се стремиме како држава, потенцираат од Здружението на судии

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Just 28 Products That’ll Transform Your Bed Into The Ultimate Hibernation Station – buzzfeed.com
Следна Статија Како да сликате Северните светлосни појаси со Google Pixel и други Android телефони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Го празнуваме Меѓународниот ден на жената

Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк…

March 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гаши излезе од болница

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зијадин Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд

Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за прекршоци,…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дворот на универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ како буниште, обраснат во трева, ѓубре, човечки измет… (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, кој редовно објавува за катастрофалната состојба во која се наоѓа Скопје во однос на…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?