Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски му одговори на Путин: Подготвени сме за прекин на огнот од утре
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски му одговори на Путин: Подготвени сме за прекин на огнот од утре
СВЕТ

Зеленски му одговори на Путин: Подготвени сме за прекин на огнот од утре

Објавено May 11, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на повикот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори за постојан мир, нагласувајќи дека тоа е позитивен сигнал и дека целиот свет долго време чека на таков чекор.

Зеленски, преку платформата Х, рече дека првиот и неопходен чекор кон завршување на војната е прекин на огнот.

Тоа е позитивен знак дека Русите конечно почнаа да ја разгледуваат можноста за ставање крај на војната. Целиот свет го чекаше тоа многу долго. Првиот чекор кон вистински крај на секоја војна е прекин на огнот, напиша Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека нема смисла конфликтот да се продолжи „уште еден ден“ и дека очекува Русија да го потврди прекинот на огнот веќе на 12 мај.

Нема смисла да се продолжи со убиството уште еден ден. Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот – целосен, постојан и сигурен – почнувајќи од утре, 12 мај, а Украина е подготвена да се сретне.

Да потсетиме, Путин претходно предложи директни преговори да се одржат на 15 мај во Истанбул, со поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Од Киев до сега официјално не се изјасниле за местото и датумот на средбата, но Зеленски јасно укажал на подготвеноста за почеток на мировните преговори, со услов прекинот на огнот веднаш да дојде.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриевски: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач
Следна Статија Хорор во кичевско: Маж со секира си ги нападнал родителите – таткото починал, мајката се бори за живот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија

Украинската делегација која учествува во преговорите со САД во Саудиска Арабија е максимално конструктивна и разговорите се корисни, изјави денеска…

March 23, 2025
СВЕТ

Хамас ослободи 4 израелски жени – војници во замена за 200 затвореници

Хамас денеска предаде четири заложнички на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Нивното ослободување беше пренесувано во живо на телевизија. Израелската…

January 25, 2025
СВЕТ

Украинка осудена за продажба на 56 бубрега

Полските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која…

March 11, 2025
СВЕТ

Финскиот претседател предупредува: Европа мора итно да го спаси НАТО од Трамп

Европските лидери мора итно да дејствуваат за да го зачуваат она што останало од клучните столбови на трансатлантското партнерство, првенствено…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?