Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски пак се жали: Русија не го почитува нашиот предлог за прекин на огнот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски пак се жали: Русија не го почитува нашиот предлог за прекин на огнот
СВЕТ

Зеленски пак се жали: Русија не го почитува нашиот предлог за прекин на огнот

Објавено May 7, 2026 20:38
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија сè уште го игнорира примирјето предложено од Киев, додавајќи дека Украина ќе продолжи со нападите со долг дострел доколку Русија продолжи со нападите.

Зеленски предложи прекин на огнот што почнува на 6 мај, како одговор на предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за прекин на огнот од 8 до 9 мај, додека Москва ја одбележува победата во Втората светска војна.

Москва не потврди дека ќе се придржува до предлогот на Киев.

„Треба да воспоставиме мир, а не да одиме по светските престолнини и да молиме за пауза на 9 мај. Ни треба мир“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател денеска изјави дека од почетокот на денот, руските сили вршат напади врз Украина со беспилотни летала, ракети и гранати, како и напади со краток дострел по линијата на фронтот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера изјави дека Русија ги предупредила дипломатските мисии да го напуштат Киев во случај на можен масовен напад од страна на Москва како одговор на украинските обиди да го попречат Денот на победата.

„Овие јавни закани за напад се дел од неодговорните тактики на ескалација на Русија“, изјави Анвар Ел-Ануни, портпарол на канцеларијата за надворешна политика на Европската унија.

Европската унија „нема да ја промени својата позиција или своето присуство“ во Киев, потврди портпаролот денеска, и покрај заканите од Русија.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивните единици вчера до 18 часот по локлано време собориле 92 од 102 лансирани беспилотни летала. Русија, пак, денеска соопшти дека нејзината воздушна одбрана од почетокот на денот уништила 32 беспилотни летала што се движеле кон Москва.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oткако го остави Шакира, на Пике не му оди во животот
Следна Статија Почина творецот на шампионската генерација на Црвена Звезда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба, станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се…

October 29, 2025
СВЕТ

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп

САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател…

May 2, 2025
СВЕТ

Зеленски: „Немаме сила да го вратиме Крим“

Украина има реалистичен пристап кон своето идно членство во НАТО и е свесна дека во моментот нема ниту доволно капацитети…

December 10, 2025

Трамповата администрација открива нов план за милитаризирана зона на границата меѓу Калифорнија и Мексико

Некои 760 акри јавна земја во округот Сан Диего и Империјал се пренесуваат на Морнарицата за поддршка на безбедноста на…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?