Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски подготвен за размена на територии со Москва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски подготвен за размена на територии со Москва
СВЕТ

Зеленски подготвен за размена на територии со Москва

Објавено February 11, 2025 18:50
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.

– Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан.

Тој не прецизираше кои украински територии би биле предмет на таква размена.

– Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет, додаде Зеленски.

Русија моментално окупира околу 20 отсто од територијата на Украина, особено во источните и јужните региони. Широката инвазија започна на 24 февруари 2022 година и трае речиси три години. Во август минатата година, Украина изведе неочекувана офанзива во западниот дел на руската Курска област, а и покрај руските контраофанзиви, сè уште контролира дел од освоената територија.

Според претставници на Киев, операцијата во Курск била со цел да ги заштити пограничните региони, а заземените територии би можеле да се користат како предност во евентуални мировни преговори.

Зеленски постојано нагласува дека секој мировен план мора да вклучува силни безбедносни гаранции од сојузниците, за да се спречи повторна руска агресија.

Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оваа недела веројатно ќе се сретне со Зеленски за да разговараат за прекин на војната. Во неделата, пак, рече дека остварил контакт со рускиот претседател Владимир Путин, но не прецизираше кога. Кремљ не ја потврди, ниту ја демантираше оваа информација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски
Следна Статија Кој е Род Благојевиќ за кој се говори дека ќе биде нов амбасадор во Србија: Лежеше во затвор, Трамп го помилува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Тројцата најбогати луѓе на светот ќе имаат ВИП третман на инаугурацијата на Трамп

Елон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг ќе имаат некои од најдобрите места, сместени покрај семејството на Трамп, членовите на…

January 15, 2025
СВЕТ

Орбан: Нашите мисли и мотиви се со семејства на жрвите – најдлабоки сочувства до македонскиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази соочуство до премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани, во која…

March 16, 2025
СВЕТ

Како Хелсинки го реши сообраќајниот хаос: Цела година немало сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Хелсинки минатата година немало ниту еден смртен случај поврзан со сообраќајот, соопштија градските власти. Надлежните оценија дека достигнувањето се…

August 3, 2025
СВЕТ

Силен земјотрес од 7,6 степени ја погоди Јапонија. „Се заканува цунами од 3 метри“

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонското крајбрежје, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Официјално е…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?