Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски сега сака да се сретне со Путин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски сега сака да се сретне со Путин
СВЕТ

Зеленски сега сака да се сретне со Путин

Објавено June 4, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи прекин на огнот додека се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

– Мојот предлог, кој верувам дека нашите партнери можат да го поддржат, е да им предложиме на Русите прекин на огнот до лидерска средба, изјави Зеленски на прес-конференција во Киев.

Тој додаде дека условите за мир што ги поставува Москва се ултиматуми.

Изјавата на Зеленски се однесува на условите содржани во меморандумот што Русија ѝ го предаде на Украина на почетокот на неделата, а кој предвидува повлекување на украинската војска од четири региони за кои Москва тврди дека ги анектирала.

– Тоа е ултиматум што руската страна ни го наметнува. Затоа, според мене, тие не го објавија документот пред преговорите, бидејќи знаат дека доколку беше објавен, Украина ќе имаше полно право да не дојде на состанокот во Истанбул, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека нема смисла да се продолжат преговорите во Истанбул со постојните делегации, бидејќи по два круга тие не дале резултати.

– Мислам дека Русија е подготвена да продолжи со размена на заробеници, но сегашната руска делегација, предводена од советник од втор ред од кабинетот на претседателот, не е на ниво за да дискутира за прекин на огнот, рече Зеленски. Според него, продолжување на дипломатските средби на тоа ниво „нема смисла.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Nvidia“ го надмина „Мајкрософт“, повторно е највредната компанија во светот
Следна Статија Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Сестрата на Ким Јонг Ун прв пат видена со деца: „Постои можност да се нејзини потомци“

Јужнокорејските разузнавачки служби денеска соопштија дека анализираат ретко видео на кое се гледа како сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг…

January 3, 2025
СВЕТ

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската државна…

December 8, 2024
СВЕТ

Саркози ќе ја отслужи затворската казна во Париз

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да ја отслужува казната во парискиот затвор Ла Санте во вторник, објавија денеска…

October 19, 2025
СВЕТ

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?