Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
СВЕТ

Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија

Објавено March 23, 2025 21:16
Сподели
Сподели

Украинската делегација која учествува во преговорите со САД во Саудиска Арабија е максимално конструктивна и разговорите се корисни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нашиот тим работи на најконструктивен можен начин. Разговорите се доста корисни, работата на делегациите продолжува. Но, без оглед на тоа што ќе им кажеме на нашите партнери денес, мораме да го натераме (Владимир) Путин да даде вистинска наредба за запирање на ударите. Оној што ја започна оваа војна мора и да ја прекине, рече Зеленски во телевизиска изјава.

Разговорите меѓу претставниците на САД и на Украина започнаа денеска во Ријад, а агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура.

По денешните разговори меѓу американските и украинските претставници во Саудиска Арабија, ќе следи средба меѓу делегациите на САД и на Русија.

Разговорите на американските претставници со делeгациите на Украина и на Русија продолжуваат утре.

Се очекува фокусот во Ријад да биде ставен на предлогот на САД за заштита на пловидбата во Црното Море со спроведување на ограничен поморски прекин на огнот.

Украинската делегација во Ријад ја предводат министерот за одбрана Умеров и заменик-шефот на претседателскиот кабинет Павло Палис.

Во руската делегација, пак, се Григориј Карасин, поранешен дипломат и актуелен претседател на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација и Сергеј Бесед, советник на директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Не е предвидена директна комуникација меѓу делегациите на Украина и на Русија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме
Следна Статија Најмалиот апарат во куќата троши најмногу електрична енергија: Ако го исклучите може да заштедите многу пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

AFD е најпопуларна партија во Германија

За прв пат откако агенцијата INSA спроведува истражување за Bild, Алтернатива за Германија се појави на првото место За прв…

September 23, 2025
СВЕТ

Стапи на сила примирјето во Газа

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила во 11:15 часот (по локално време), соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин…

January 19, 2025
СВЕТ

Шпионирале за Кина: Приведена брачна двојка во Германија

Германската полиција приведе брачна двојка во Минхен под сомнение дека шпионирале во корист на Кина. Приведените се германски државјани, а…

May 20, 2026
СВЕТ

Трамп го критикуваше Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се чувствува „многу лошо“ поради израелскиот напад во Доха, нагласувајќи дека го смета Катар…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?