Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски
СВЕТ

Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Објавено March 12, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Нема да признаеме ниту една од териториите окупирани од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи. Толку луѓе беа повредени, толку многу страдања издржавме. Затоа никој нема да заборави. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите основни црвени линии, посочи Зеленски.

Тој нагласи дека државата нема да дозволи никој да ги заборави злосторствата извршени врз Украина.

– Нашите војници ги извршуваат своите задачи во регионот Курск. Русите дефинитивно се обидуваат да извршат максимален притисок врз нашите сили. Воената команда го прави она што треба да го направи, да ги зачува животите на нашите војници, истакна Зеленски.

Според онлајн мапа на бојното поле во Украина на украинската организација „Дип стејт“ (Deep State), украинските сили го напуштиле градот Суџа во областа Курск, каде Москва изминатите денови почна офанзива.

Зеленски потенцира дека Украина покажала подготвеност за примирје и оти сега се очекува одговор од Русија.

– Се зависи од тоа дали Русија сака примирје и тишина или сака да продолжи да убива луѓе … Украина јасно го покажа својот став. Денеска Русија мора да одговори на тоа, наведе Зеленски.

На вчерашните разговори помеѓу американската и украинската делегација во Саудиска Арабија, Киев изразил подготвеност да го прифати предлогот на САД за итно спроведување на 30-дневен прекин на огнот. Примирјето би можело да биде продолжено доколку Русија го прифати и во исто време се придржува до условите.

Претходно, Москва соопшти пред да го коментира предлогот за примирје ќе го почека извештајот на американските претставници. Вашингтон најави дека денеска ќе разговара со Москва.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Wolt Македонија предупредува на лажни мејлови
Следна Статија ДКСК ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД

Европската Унија одлучи да ги паузира своите контрамерки на американските царини на 90 дена за да отвори простор за преговори.…

April 10, 2025
СВЕТ

САД привремено ги ублажија санкциите за руската нафта поради енергетскиот шок

Соединетите Американски Држави привремено ги ублажија санкциите за извоз на руска нафта во обид да ги стабилизираат глобалните енергетски пазари,…

March 13, 2026
СВЕТ

(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации

Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над…

January 7, 2025
СВЕТ

Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД

Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?