Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област
СВЕТ

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

Објавено June 14, 2025 16:12
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили успеале да го сопрат напредувањето на руската армија во североисточната Сумска област и дека во моментов се водат борби по должината на границата со цел повторно воспоставување контрола.

„Ја израмнуваме ситуацијата. Борбите се одвиваат на самата граница. Треба да знаете дека непријателот беше запрен. Максималната длабочина на офанзивата е седум километри од границата“, соопшти Зеленски во изјава објавена од неговиот кабинет.

Според него, Русија распоредила околу 53.000 војници на правецот кон Суми.

Иако руските сили се насочени кон Доњецката област, од почетокот на месецов Москва ги засили нападите и на североисток и најави формирање на т.н. безбедносна зона во Сумска и Харковска област.

Зеленски додаде дека украинската војска успешно ги одржува одбранбените линии долж повеќе од 1.000 километри фронт и негираше дека руските сили ја преминале административната граница на Дњепропетровска област – регион што се граничи со три области делумно окупирани од Русија: Доњецк, Херсон и Запорожје.

Воедно, украинските сили извеле напад со дрон при кој собориле неколку руски авиони и оштетиле мост што ја поврзува Русија со анектираниот Кримски Полуостров, користејќи подводни експлозиви.

Зеленски призна дека Украина не може целосно да си ја врати територијата со воена сила и повторно повика на построги санкции против Русија, со цел да се принуди Москва да седне на преговарачка маса.

Претходните два круга мировни преговори меѓу Киев и Москва во Истанбул донесоа ограничен напредок, при што страните се согласија само за размена на заробеници. Неколку размени веќе се спроведени овој месец, а Зеленски очекува следната да се реализира до 20 или 21 јуни.

– Договорено е размената да заврши, по што ќе се разговара за следниот чекор – изјави тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
Следна Статија Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Цела Австрија прогласена за ризично подрачје поради појавата на птичји грип

Австриското Министерство за здравство и социјална заштита ја прогласи цела Австрија за област со зголемен ризик од птичји грип, објавија…

November 8, 2024
СВЕТ

Кина гради голем воен команден центар- ќе биде многу поголем од Пентагон

Кинеската војска гради огромен комплекс западно од Пекинг за кој американските разузнавачи веруваат дека е команден центар за време на…

February 1, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Маѓар го сними Орбан на соседната тераса и објави: Што мислите што чита?

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, кој убедливо победи над Фидес на изборите во недела, пристигнал во претседателската палата во…

April 15, 2026
СВЕТ

ФБИ пронајде пушка, чевли и отпечатоци од напаѓачот на Кирк

Пронајдена е пушка за која се претпоставува дека е на атентаторот на активистот Чарли Кирк, изјави денеска специјалниот агент на…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?