Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин
СВЕТ

Зеленски: Утре нови преговори со Русија, можно е планирање средба со Путин

Објавено July 22, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека следната рунда мировни преговори меѓу Киев и Москва е закажана за утре и дека Украина ќе инсистира на размена на воени заробеници, враќање на украински деца однесени во Русија и подготовка на состанок меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

– Со секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров разговарав за подготовка на нова размена на заробеници и за нова средба со руската страна во Турција. Умеров ми рече дека средбата е планирана за утре, изјави Зеленски во своето редовно видеообраќање на социјалните мрежи.

Претходно денеска, тој им се обрати и на шефовите на украинските дипломатски мисии во странство, нагласувајќи дека „потребна е поголема динамика во мировните преговори“. Според него, „вистински ефикасни разговори може да се водат само на ниво на лидери“.

Зеленски нагласи дека украинската страна има јасен дневен ред: враќање на заробеници, враќање на украинските деца киднапирани од Русија и подготовка на состанок меѓу претседателите на двете држави. Тој ги повика дипломатите да ги информираат земјите домаќини за овие цели и да обезбедат политичка поддршка за Украина.

Последните две средби во Истанбул меѓу руските и украинските делегации, одржани под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, не донесоа значителен напредок кон прекин на огнот, освен размена на заробеници и тела на загинати војници.

На претходната рунда преговори во јуни, Москва повторно излезе со максималистички барања – Украина да се откаже од четири области освен веќе анектираниот Крим, како и од западната воена помош и членството во НАТО. Киев ги отфрли условите како „ултиматуми“ и се посомнева во искреноста на Русија да постигне вистински мировен договор.

Сепак, Москва изјави дека останува отворена за разговори, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде рок од 50 дена да постигне договор под закана од нови санкции. Паралелно, Вашингтон најави обновување на испораките на оружје за Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нено Димитријевиќ се враќа во Русија, се договори со Зенит за 3 милиони евра
Следна Статија Алиу во Тетово: 155 луѓе од Клиничката болница ќе добијат договори на неопределено време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украинците на Крим соборија руски воени авиони вредни 70 милиони долари

Дронови со долг дострел на Специјалниот центар „Алфа“ на Безбедносната служба на Украина (СБУ) извршија напад синоќа врз рускиот воен…

December 20, 2025
СВЕТ

Германија предупредува: Русија има ново оружје – агенти за еднократна употреба

Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок (BfV), германската домашна разузнавачка агенција, предупредува за „агенти за еднократна употреба“ кои дејствуваат…

May 21, 2025
СВЕТ

Макрон на удар на ТикТок заедницата, цел свет прави шеги на негова сметка (ВИДЕО)

ТикТок е преплавен со исмејувања кон Макрон и шлаканицата што очигледно ја добил од неговата сопруга Брижит за време на…

May 27, 2025
СВЕТ

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го откажал вториот бран напади врз Венецуела откако Каракас се согласил на соработка.…

January 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?