Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори
ПОЛИТИКА

„Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори

Објавено July 23, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) најави формирање на политичка партија, бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин независните да учествуваат на претстојните локални избори.

Велат дека чекорот којшто го преземаат е бидејќи големите партии од власта и од опозицијата минатата година здружено донесоа измени на Изборниот законик, со кој се зголемува прагот на потребни потписи за нивно учество на изборите. Уставниот суд во март го укина ова законско решение, а оттогаш не е донесено ново решение. Партиите избегнуваат да зборуваат за ова прашање, па се става под знак прашање учеството на граѓанските иницијативи на изборите.

„Зелен хуман град“ е единствената советничка група во Советот на Град Скопје зад која не стојат политички партии туку 23 граѓански организации, а има двајца советници, Драгана Велковска и Горјан Јовановски. Оттаму ги повикаа граѓаните за поддршка.

„Дали сакаме партија? Не, воопшто. Но, уште помалку сакаме сега да се повлечеме, кога партиите се обидуваат насилно и на секој начин да нè спречат. Мора да ја продолжиме битката зад која застанаа 10.000 скопјани на последните локални избори. Имаме алтернатива? Не, во моментов законски може или да се формира партија или да кренеме бело знаменце. А кревање бело знаменце е суштинска спротивност на нашето постоење, граѓанската борбеност и сè останато што ние претставуваме“, велат од „Зелен хуман град“.

Од ЗХГ порачуваат дека тие никогаш нема да бидат партија по дефиниција, туку ќе останат граѓанска иницијатива.

„Партиите се концепт против кој толку долго збориме и ќе ПРОДОЛЖИМЕ да се бориме – канцерот на македонското општество сите овие години. Партиите се етаблирани со децении, имаат моќни сојузници, мрежа на послушници и огромна финансиска помош од приватни донатори, како и од државата. Ние? Ве имаме само вас – добродушните луѓе со чиста совест, нерасипани од алчност за моќ и своја лична корист кои верувате дека подобро утре е можно. Затоа ЗХГ никогаш нема да биде партија по дефиниција, туку останува граѓанска иницијатива“ велат од ЗХГ.

За формирање партија потребни се 1.000 потписи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков тврди: Цел сум на хибриден напад од Бугарија и од дома!
Следна Статија Почна судењето за криминалната група Беланоца-Барон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Прилеп, во рамки на изборната кампања 2025…

October 11, 2025

СДСМ избира ново раководство: Филипче најави „искусни и млади“

СДСМ утре, на 16 декември 2025, треба да го избере новото партиско раководство, односно новите потпретседатели и новиот состав на…

December 15, 2025
ПОЛИТИКА

Јанковиќ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?

Скопјани 4 години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс. Главниот град е…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Eвропската демократска партија донесе одлука за обединување со ДУИ

Европската демократска партија на Аријанит Хоџа донесе одлука да отвори процес на обединување со Демократската унија за интеграција. Одлуката била…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?