Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини

Објавено March 23, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Координирани вонредни контроли на општинските инспектори во сите единици на локална самоуправа по страотната несреќа во Кочани, најавува претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓевски. Утре на состанок, општинските власти ќе прават проценка кому му фалат инспектори за на терен, за да бидат презмени од друга општина која веќе завршила со контролите.

Ќе се прави контрола на градинки, училишта, спортски објекти, културни домови, спортски објекти и угоститлески објекти. Посебен акцент во проверките ќе добијат местата каде што се собираат деца и млади. Ќе се контролираат и станбените згради, особено постарите каде што целосно се запоставени хидрантските системи.

Се внимава дали објектите имаат исправна противпожарна опрема и исправни хидранти. Дали електричните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, дали се поседуваат сите потребни документи и безбедносни елаборати…Многу градоначалници ги мобилизираат своите служби. Ќе има нулта толерација за неправилности. Објектите кои што не се безбедни ќе добијат налози за итно отстранување на недостатоците, па ако е потребно и привремено ќе се затворат додека недостатоците не се исправат, рече претседателот на ЗЕЛС на прес-конференција.

Ѓорѓиевски побара и граѓаните да укажуваат на неправилности. Првичните проверки во неговата општина покажале дењка градинките и училиптата се безбедни.

Дел од општините, особено во Скопје веќе ги извадија своите инспектори на терен. Најпрво се проверуваа документите со кои располагаат угостителските објекти и елаборатите на училиштата. Во втората фаза ќе се проверува и фактичката состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет пациенти кои се лекуваат надвор од Македонија во критична состојба
Следна Статија Глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: „Македонското најдобро“ е патриотска кампања

„Македонско најдобро“ е патриотска кампања, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање. Македонска кампања, на македонските граѓани,…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка денеска почнува скијачката сезона

Од денеска, 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија од управата на тетовскиот скијачки центар. По…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Летово може да здивнеме: И во мај нема да проработи системот ЕТИАС со кој ќе ни наплаќаат влез во ЕУ

Системот ЕТИАС нема да биде имплементиран во првата половина на 2025 година, покажуваат новите информации објавени на официјалната веб-страница на…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?