Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица
СВЕТ

Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица

Објавено October 28, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Најмалку 22 лица се примени во болница по земјотресот што синоќа беше регистриран на 60 километри југоисточно од градот Баликесир во Турција.

Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, вели дека четири од лицата што биле примени во болница се пуштени дома, а другите 18 се со полесни повреди.

„Четири од нив се отпуштени. Има 18 граѓани кои претрпеле полесни повреди поради паника и скокање од балкони. Нема повреди опасни по живот“,

вели Устаоглу.

Според Устаоглу, има три згради што се уништени, но во нив никој не живеел поради тоа што биле оштетени од претходниот земјотрес.

Тој вели дека во округот Синдирги, во Баликесир, има 75 рурални населби и оти од контактите што ги имал со полицијата, во овие делови немало загинати.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека во Центрите за итни повици биле примени 504 пријави од кои повеќето биле за оштетувања на инфраструктурата.

Тој додава дека спасувачките екипи се на терен и ја проверуваат состојбата на инфраструктурата во погодените области.

Јерликаја вели дека спортските сали, училиштата и џамиите се отворени како засолништа и дека образовниот процес денеска е прекинат.

По земјотресот од 6,1 степен, биле регистрирани и неколку последователни потреси со јачина од 4,2, 3,5, 4 и 3,9 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Украинците објавија снимка од егзекуцијата на синот на озлогласениот руски генерал
Следна Статија Joкиќ со нов трипл-дабл и нов рекорд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп го нападна Зеленски во Белата куќа: Се коцкаш со Трета светска војна

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата пред западното крило на Белата куќа, седнаа со новинарите…

February 28, 2025
СВЕТ

Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут (ВИДЕО)

Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела…

October 5, 2024

Трамповата администрација открива нов план за милитаризирана зона на границата меѓу Калифорнија и Мексико

Некои 760 акри јавна земја во округот Сан Диего и Империјал се пренесуваат на Морнарицата за поддршка на безбедноста на…

December 12, 2025
СВЕТ

Зеленски: „Немаме сила да го вратиме Крим“

Украина има реалистичен пристап кон своето идно членство во НАТО и е свесна дека во моментот нема ниту доволно капацитети…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?