Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зејмите од регионот разговараат со ЕУ за зголемените гужви на границите преку летото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зејмите од регионот разговараат со ЕУ за зголемените гужви на границите преку летото
МАКЕДОНИЈА

Зејмите од регионот разговараат со ЕУ за зголемените гужви на границите преку летото

Објавено May 4, 2026 15:45
Сподели
Сподели

Земјите од регионот, заедно со Европската Унија и нејзините земји‑членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со гужвите на граничните премини, кои се поизразени во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето, истакна министертот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

-Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме околу овој сериозен предизвик. Приметив и обид темава да се претвори во естрада во соседна Србија, односно естраден пристап, бидејќи се случуваат големи гужви на граничните премини, особено на копнените – изјави Муцунски.

Муцунски потврди дека се водат дискусии со повеќе земји и во рамки на различни шеми на Европската Унија кои ги опфаќаат земјите од Западен Балкан, при што се очекува во летниот период да бидат преземени соодветни мерки за намалување на гужвите.

– Очекуваме во летниот период, кога ќе има периоди на зголемена гужва, да се преземат соодветни мерки. Во овој момент официјално никој нема добиено одговор, и затоа не можам ништо конкретно да споделам. Но можам потврдам дека имаме разговори, и на највисоко ниво и на техничко-административно ниво, и дека постои подготвеност од земји-членки на Европската Унија да покажат флексибилност кон регионот- рече тој.

Министерот оцени дека информациите кои се пласираат во јавност се политичка естрада и дека на истите треба да се гледа со голема внимателност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој петти граѓанин во Македонија тоне во сиромаштија
Следна Статија Tрамп тргна да го решава Ормутскиот теснец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Христос воскресе, за многу години Велигден

Дилемите околу точниот час во кој починал Исус Христос кога бил распнат на крстот кои ги предизвикуваат различните наводи во…

April 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Заврши распустот: Учениците од утре се враќаат во школо

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Немаме бекап систем, ако се изгасне главниот, би останале со црн екран“, вели контролор на летање во М-НАВ

Зголемувањето од 12% на бројот на прелети во првата половина од годината е постигнато и покрај строгите рестрикции наметнати поради…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во просториите на Министерството ја прими донацијата од Сојузната Република Германија, вредна околу…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?