Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За два дена уапсени осум пијани и бесни возачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За два дена уапсени осум пијани и бесни возачи
ХРОНИКА

За два дена уапсени осум пијани и бесни возачи

Објавено June 1, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата С.З. (24) од Кочани А.О. (42) од Штип Т.Д. (53) од Делчево, М.Л. (55) од Ресен, Д.Т. (50) од Скопје, В.Б. (26) од Тетово, Е.К. (46) од Струга и В.М. (46). од Охрид, заради сторено кривично дело – „безобѕирно управување со возило” по член 297-а од КЗ на РСМ.

Најпрво вчера во 15.40 часот на магистрален пат Кичево- Гостивар полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.К. којшто со патничко возило „Мерцедес” го управувал возилото со брзина од 145 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина била 60 км/ час. Истиот ден во 22.50 часот на регионален пат Желино- село Сиричино, полициски службеници од Полициската станица за безбеденосен сообраќај Тетово, ги лишиле од слобода М.Л. од Ресен кој управувал патничко возило „Рено” под дејство на алкохол (кај него биле измерени 1.68 промили алкохол во крвта). Денеска, пак, во 00.40 на улицата „Борис Кидрич” во Тетово лишен од слобода бил В.Б. од Тетово кој управувал патничко возило „Ауди” со измерени 1.79 промили алкохол во крвта. Исто така денеска, во 00.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје, кој што на истиот автопатот, управувајќи товарно возило „Тојота” предизивикал сообраќајна незгода помеѓу пет возила, во која нема повредени лица, а при преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта, информират од МВР и додаваат:

-Полициски службеници од ОВР Кочани по истиот основ денеска околу 02.55 часот на улицата „Доктор Николиќ” во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода С.З. кој што управувал патничко возило „Фолксваген пасат” под дејство на алкохол, односно имал 1,89 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, на улицата „Кирил и Методиј” во 01.56 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.О. кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф” со измерени 1,68 промили алкохол во крвта, а во 02.15 часот на улицата „Крушевска” во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д. кој што возел патничко возило „Хонда” под дејство на алкохол, односно со измерени 1,71 промили алкохол во крвта. И последниот денешен случај во 09,28 полициски службеници од ПС за БПС Тетово кај клучката Камењане на патот Тетово-Гостивар, го лишиле од слобода В.М, кој што управувал патничко возило „Пасат” со брзина, според радарското мерење, од 158 километри на час наспроти дозволените 80 километри на час. Против сите нив, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите
Следна Статија (ВИДЕО) Мечка со две мали мечиња снимени покрај патот Маврово-Дебар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен 19-годишник за убиство на 18-годишно момче од Бојане

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од…

May 17, 2026
ХРОНИКА

На граничен премин Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за…

March 12, 2026
ХРОНИКА

Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?