Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани во Советот на АВМУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани во Советот на АВМУ
МАКЕДОНИЈА

Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани во Советот на АВМУ

Објавено June 23, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со која во предложениот состав на Советот за кој претходно беше завршена расправата, но Собранието не го усвои, се предлага на местото на Нафије Селмани, дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје, да биде назначена Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје.

Претходната Предлог одлука се повлекува од материјалите на 34. седница на Собранието до кое ќе биде доставена новата, а со која ќе му предложи за членови на Советот на АВМУ да ги именува Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје, Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија и Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје.

Според информации на МИА, предложениот состав на Советот на АВМУ ќе биде утре на собраниска седница.

Комисијата повторно расправаше и по Предлог одлуката за избор на член на Комисија за заштита на конкуренцијата донесена на 22 седница на 28 април годинава која не беше усвоена од Собранието со која за член беше предложен Насер Жарки од Скопје, дипломиран економист и магистер по економски науки. На предлог на пратеникот Беким Ќоку, утврди нова Предлог одлука со која наместо Жарки предлага да биде избран Ваљон Елези.

Верувам дека Еллези ги исполнува подобро криетриумите што се бараат во Комисијата, рече Ќоку.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврдија и нова Предлог одлука за избор на член на Совет на ЈО и наместо претходниот предлог Ведат Салихи, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Арачиново Скопје, предлага да биде назначен Фатих Алиу, дипломиран правник за член на Совет на Јавни обвинители.

Претходно денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата во рамки на 29. седница ја донесе одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“. Одборот е составен од претседател и 12 члена, како и одлука за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, во рамки на 22. седница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
Следна Статија Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

Во текот на денешниот ден имаме 10 пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот во ловиштето „Јасен“, а…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шаини: Мојата сопруга не е вмешана

Докторот Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?