Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зијадин Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зијадин Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд
МАКЕДОНИЈА

Зијадин Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд

Објавено January 26, 2026 14:16
Сподели
Сподели

Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за прекршоци, кој беше усвоен за имплементација на системот „Безбеден град“. Села истакнува дека законот, кој директно го засега целото население, требало да биде предложен од Владата и разгледан во широка јавна расправа, наместо да помине преку пратеничка иницијатива и по скратена постапка.

„Со овој закон се удира врз целото население, врз сите граѓани и никако не е дозволено да помине по брза постапка. Прашањето што може да се постави е зошто за проектот кој веќе со месеци се промовира од страна на Владата, иницијативата се прави од пратеници во Собранието. Што сака да скрие Владата? Зошто самите не излегоа со оваа иницијатива?“, изјави Села за новинарите.

Тој додаде дека законот не предвидува пораките за прекршоците од „Безбеден град“ да бидат двојазични, туку се испраќаат само на македонски јазик, што, според него, го крши Законот за употреба на јазиците. Исто така, Села укажа дека казните испраќани по порака или мејл се спорни, бидејќи граѓаните не се обврзани да имаат мобилен телефон или електронска пошта.

„Јас имам право да не носам телефон со мене, имам право да немам мејл-адреса. Единствено е законска должност да имаме адреса каде живееме. Ако веќе може да се предвиди такво законско решение, тогаш граѓаните би морале постојано да ги пријавуваат промените на бројот или мејл-адресата во полицијата“, рече Села.

Тој истакна дека системот „Безбеден град“ моментално се имплементира само во три градови, додека останатата територија не е покриена со камери, што дополнително го ограничува неговото дејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцарев бара оставка од Попов од претседател на МАНУ
Следна Статија Филипче го нарече Николоски „независен аналитичар“, не направил ништо за камионџиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во среда Европскиот парламент ќе гласа за извештајот за Македонија

Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми,…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари

Почнувајќи од 14 јануари вработените во министерствата за екологија, земјоделство, за дигитална трансформација, правда, култура, економија и труд, транспорт, Државниот…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува извештајот на ЕК за напредокот на државата да биде сличен како минатогодишниот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, што треба да биде објавен денеска, да биде…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?