Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златото и среброто со историски рекордна цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Златото и среброто со историски рекордна цена
ЕКОНОМИЈА

Златото и среброто со историски рекордна цена

Објавено December 24, 2025 11:43
Сподели
Сподели

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот календар, додека останатите работат со скратено работно време за да им овозможат на вработените празничната вечер да ја поминат со своите семејства.

Франкфуртската берза денеска е целосно затворена, додека Лондонската и Париската берза работат со скратено работно време. Поради намалената активност, нивните главни берзански индекси бележат стагнација без значајни поместувања.

За разлика од европските пазари, Московската берза работи со редовно работно време. Индексот MOEX во 9:30 часот забележа пад од 0,52 проценти и се спушти на 2.711,27 поени.

Во исто време, пазарот на благородни метали бележи силна динамика. Цената на златото во еден момент ја надмина границата од 4.500 долари за унца, додека среброто се искачи над 72 долари за унца. Во двата случаи станува збор за нови историски рекорди, пренесува CNBC.

Аналитичарите оценуваат дека засилената побарувачка за злато и сребро е поврзана со глобалната неизвесност и зголемениот интерес на инвеститорите за сигурни вложувања во услови на нестабилни финансиски пазари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија ѝ нуди мазут на Македонија за да ја спаси од кризната состојба
Следна Статија Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп ѝ се закани на Кина со царини од 200 проценти: „Мора да ни дадат магнети“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 проценти на увозот на кинески стоки доколку Пекинг…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот останува на исто

Според најновите податоци, малопродажните цени на бензините во Македонија бележат зголемување, додека цената на дизел‑горивото останува непроменета. Ова значи дека…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат…

May 3, 2025

Powerball бројови за среќка во сабота, 3 јануари 2026 година

Кој ќе биде среќниот добитник на Powerball наградата во вредност од 64 милиони долари?

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?