Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Знаете ли што е Астрагалус кој го има во Богданци?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Знаете ли што е Астрагалус кој го има во Богданци?
ЗАБАВА

Знаете ли што е Астрагалус кој го има во Богданци?

Објавено April 14, 2026 08:40
Сподели
Сподели

– Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението “Полимат 13” од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус која во Македонија расте токму на подрачјето на Општината Богданци.

Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат во здружението е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на Глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN Red list of Threatened Species), како и на домашната прва црвена листа на загрозени видови.

– Подрачјето каде што расте Астрагалусот претставува идно Natura 2000 подрачје кое е од исклучителна важност за зачувување на растителниот диверзитет во Македонија. За таа цел од 2015, секоја година во април и мај организираме пешачења по Патеката на Астрагалусот за заинтересирани граѓани и организации. Во соработка со училиштата од Богданци и регионот организираме и посети на живеалиштето на Астрагалусот за групи на ученици кои на овој начин ги едуцираме за значењето на локалниот биодиверзитет и заштита на животната средина, вели Надица Маџирова, проектен координатор во  здружението “Полимат 13”.

Од оваа граѓанска организација велат дека нивната главна цел е да направат основа за заштита и грижа за подрачјето каде вирее Астрагалусот, првенствено на локалното подрачје, но и на национално ниво.

– Во мај традиционално организираме Ден на Астрагалусот, настан кој има за цел да ги едуцира младите луѓе и целото население од нашиот крај за природните вредности кои како локална заедница ги имаме, за значењето на природата и подигнување на свеста за заштита на животната средина. Оваа година четврти пат Денот на Астрагалусот ќе се одржи на 16 мај, со интересни содржини за најмалите, ликовна работилница, натпревари, квизови, музички настапи ќе се одржат во градскиот парк во Богданци, секако со фокус на растението Астрагалус, вели Маџирова и додава дека целта е да се вклучат помладите за да поминуваат активно време во природа, да научат да се грижат за животната средина и да ги ценат нејзините вредности.

Астрагалусот народно познат како меурест козинец спаѓа во групата на диворастечки растенија, кое може да се размножува со помош на долгите корења, па затоа и најчесто се сретнува во групи од повеќе единки. Цвета во периодот од април до мај има привлечни розови или бледорозови цветови. Некои видови од родот астрагалус имаат ралични употреби, а меѓу нив има и лековити видови додека за меурестиот козинец нема познати податоци дека може да се употребува за медицински или индустриски цели. Освен во Македонија, го има само уште на неколку локалитети во Бугарија, Грција и во Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Добри вести од Мадрид, Мбапе се враќа
Следна Статија Јамал најави притисок врз Атлетико вечерва во ЛШ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вашите Google Play Points можеби кријат таен попуст од 200 долари за Pixel 10 Pro

Некои корисници на Google Play Points откритиле таен попуст од 200 долари за Pixel 10 Pro и 10 Pro XL…

December 10, 2025
ЗАБАВА

Железници за првпат со специјално украсен новогодишен воз и празнично возење

Железници на Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет…

December 25, 2025
ЗАБАВА

Денеска е 11.11: Најмагичниот ден во годината кога се случуваат големи промени

Еден од најмагичните датуми во секоја година е токму денешниот ден, 11-ти ноември, денот кога имаме најдобра енергија да ги…

November 11, 2024
ЗАБАВА

Таткото на Карлеуша ја апсел Цеца

Јелена Карлеуша во интервју за „Република.рс“ раскажа од каде потекнува нетрпеливоста на Цеца кон неа и зошто толку ја мрази.Тоа е повразно…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?