Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска

Објавено March 25, 2026 16:00
Сподели
Сподели

Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество, но ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди, што не беше случај со последниот настан поврзан со однесувањето на новинарот Невриј Адеми на прес конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово, случај што Советот на честа при ЗНМ внимателно го следеше и кој истиот отвори јавна дебата во медиумскиот простор.

Имајќи ја предвид улогата на новинарите како носители на јавниот интерес и чувари на демократските вредности, Советот потсетува дека ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди.

Во конкретниот случај, Советот цени дека начинот на комуникација и тонот на обраќање на новинарот не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс. Конкретно, членот 15 од Кодексот на новинарите, вели дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката, а непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија.

Советот на честа нагласува дека ваквите случаи не придонесуваат за унапредување на довербата во медиумите, ниту за квалитетен јавен дијалог. Оттука, упатуваме апел до сите новинари и медиумски работници да се придржуваат кон највисоките професионални стандарди, да ја негуваат културата на комуникација и да придонесуваат кон градење на взаемна почит во јавниот простор.

Воедно, Советот потсетува дека почитта во односите меѓу носителите на јавни функции и медиумите треба да биде двонасочна, при што институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена и професионална работа на новинарите. Во таа насока, советот укажува и дека овој случај не смее да се користи за дневнополитички цели, ниту за создавање дополнителни тензии и погрешни интерпретации во етнички контекст.

Советот на честа ќе продолжи да ги следи ваквите случаи и, согласно своите надлежности, да реагира во насока на заштита и унапредување на етичките стандарди во новинарството

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна судењето за поткупот за ИПАРД фондовите
Следна Статија Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши повика на договор за избор на Народен правобранител: Нов оглас би го блокирал процесот

Спикерот на Собранието, Африм Гаши, денеска на брифинг со новинарите изјави дека ги повикал координаторите на пратеничките групи да постигнат…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на министерството за внатрешни…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ги посети повредените од пожарот во Кочани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани, каде што во…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?