Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа

Објавено May 26, 2025 22:27
Сподели
Сподели

Во централниот дневник на Сител телевизија, во „Тема на денот“, гостуваше Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРМ Инфраструктура и претседател на партиската комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Тој во своето гостување стави акцент на брзата пруга Табановце-Гевгелија која е инвестиција од околу 2 милијарди евра и реконструкција на постоечката која треба да се трансформира, притоа истакна дека почетокот на сите првични геолошки активности и истражувања ќе биде во септември.

-Оваа брза пруга ќе биде почната во септември меѓутоа ќе бидат почнати оние првични истражувања на теренот гео текстилни, геолошки истражувања да видиме каде можеме да ја скратиме должината на пругата, има многу свиоци по готово делот кај Велес, но првична механизација дека есенва ќе биде или доцна есен ќе биде тоа е точно. Најидеален дел каде да се гради е до постоечката пруга, самото тоа што ќе се гради до постоечката пруга веќе сите проблеми се познати тој пат е трасиран, вели Ивановски.

Ивановски истакна дека во план на Владата е да се набават брзи возови кои ги задоволуваат европските стандарди и образложи како ќе се движат и на кои станици би застанувале патничките возови.

-Брзите возови се одговорност на МЖ транспорт, мора да се набават возови, локомотиви кои ги задоволуваат тие стандардите и тоа е во планот на Владата да се набават тие возови. Пред се постоечката пруга ќе се реконструира целосно, ќе ја искористиме трасата да дојде до 160 км на час и ќе се направи уште една паралелна согласно можности по двете ќе се користи и товарен сообраќај и патнички сообраќај. Ќе видиме согласно проектот што е можно помалку, но во исто време ќе имаме и конектори, Скопје сигурно ќе го поврземе, аеродромот Петровец, сигурно ќе биде во Велес и во Гевгелија, но во втора фаза ќе го пуштиме Кочани спрема Штип до Велес да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај, рече Ивановски.

Исто така тој наведе дека се гради по европски стандарди, кои ќе овозможат брз и ефикасен транспорт.

-Се гради по европски стандарди од тоа нема отскокнување. Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт. Нашата позиционираност е тоа како треба да ја искористиме, сега и веднаш да се забетонираме на мапата на карго Европа, ако ние не го направиме тоа, во економијата нема слободен простор, вели Ивановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прва посета на шефот на германската дипломатија на САД
Следна Статија (ВИДЕО) На човек кој пиел до три литри газирани пијалоци секој ден, му биле отстранети 35 камења од бубрезите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Премиерот не очекува турбуленции на пазарот со електрична енергија во земјава

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава и покрај…

October 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Целна Црна петок 2025: Преку 101 најдобри понуди за купување додека можете

Целната продажба за Црна петок веќе е officially активна. Заштедете многу на електроника, дома, убавина и друго.

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука за…

April 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Словенија и одржа лекција по економија на Европа

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по состанокот на Советот на ЕЦБ, истакна дека Словенија…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?