Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Екс претседателот Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Екс претседателот Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг
МАКЕДОНИЈА

Екс претседателот Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

Објавено May 10, 2025 17:48
Сподели
Сподели

Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа на 7 и 8 мај 2025 година.

Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Дијалог на глобалните лидери“, посветена на темата „Мирни решенија, обновување на мирот“. На оваа сесија се обратија и поранешни претседатели од повеќе држави, како Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Молдавија, Романија, Чешка, кои споделија свои размислувања и визии за иднината на мирот и безбедноста во светот.

Во своето обраќање, претседателот Иванов нагласи дека по 80 години од крајот на Втората светска војна, светот сè уште се соочува со војни, нееднаквост и нови форми на закани. Тој потсети дека победниците од Втората светска војна ветиле нов свет на мир и просперитет, но истакна дека денес, и покрај технолошкиот напредок и економскиот раст, светот е сè уште далеку од исполнување на тие идеали. „Мирот не е само отсуство на војна – тоа е присуство на правда, слобода и достоинство. Тоа е наша заедничка одговорност“, нагласи Иванов, повикувајќи на проширување на заветот „Никогаш повеќе“ – не само за да нема војни, туку и да нема сиромаштија, неправда и страв.

Од 2009 година Претседателот Иванов традиционално учествува на скоро сите Евроазиски економски самити на фондацијата Мармара, кој како годишен настан редовно собира голем број политички лидери, претставници на меѓународни организации, академска заедница, бизнис заедница, како и граѓанскиот сектор од регионот, од Европа и Евроазија и пошироко. Претседателот Иванов оствари повеќе среди и разговори со дел од учесниците на самитот.

Во рамки на посетата на Република Турција, на 9-ти мај 2025 година, претседателот Ѓорге Иванов беше почесен гостин на свечена академска церемонија што денеска се одржа на Универзитетот „Намик Кемал“ во Текирдаг. На овој свечен настан, на проф. д-р Иванов му беше доделена титулата Почесен доктор на науки – Doctor Honoris Causa, како израз на признание за неговиот истакнат придонес во научниот развој, унапредувањето на интеркултурниот дијалог и зацврстувањето на регионалната соработка, како и за неговиот ангажман во промоцијата на вредностите на разбирањето, соживотот и мирот меѓу балканските народи. Особено беа истакнати неговите јавни и научни заложби за афирмација на балканскиот идентитет и мултикултурното живеење.

Сенатот на Универзитетот ја донесе одлуката за доделување на ова високо признание по учеството на Иванов на Првиот меѓународен балкански симпозиум, одржан на 19 декември 2024 година на истиот универзитет. Симпозиумот беше посветен на темата „Културата на соживот на Балканот за време на Отоманскиот период“, каде што претседателот Иванов го отвори настанот со говор кој доби предизвика висок интерес кај академската заедница и присутните гости.

Во своето обраќање на денешната церемонија, проф. д-р Иванов изрази голема благодарност за укажаната чест и нагласи дека академската соработка и негувањето на историското паметење се клучни елементи за изградба на заедничка иднина на Балканот, заснована врз доверба, почитување и солидарност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ – протестен марш на родителите на загинатите во „Пулс“
Следна Статија Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со Обединетото Кралство обезбедивме стратешки инвестиции за градба на брза железница, болници…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ истакна дека со договорот за стратешко партнерство со…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во врска…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?