Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал
ЗАБАВА

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Објавено March 1, 2025 09:54
Сподели
Сподели

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие, вечерва во 18:30 часот, заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица.

На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со неговата партнерка беа маскирани како Викинзи.

Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот ветува нова незаборавна карневалска авантура. Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност која го прави нашиот карневал уште поспецифичен. Струмица, срце на карневалската традиција, продолжува да блеска со секоја нова година, објави струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.

На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 35 групи во различни категории со учесници од земјава, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија, а карневалската поворка се очекува да трае околу три часа. Маските ќе ги оценува жири комисија, која во различни категории ќе додели награди на најуспешните.

Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан му заблагодари на Трамп: Силните луѓе прават мир, слабите војуваат
Следна Статија Телефонски разговор на Сиљановска-Давкова со Радев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Точно е дека косата ми е падната, се надевам поединци се среќни, порача Боки 13

Бојан Јовановски Боки 13 преку „Инстаграм“ се обрати до своите следбеници, потенцирајќи дека иако неговото здравје сè уште е загрозено,…

January 22, 2025
ЗАБАВА

Сите се чудат од најпознатата фонтана во Рим: Какво е ова е базенче (ФОТО)

Властите во Рим привремено ја забранија традицијата на фрлање монети со десната рака преку левото рамо во познатата Фонтана ди…

November 3, 2024
ЗАБАВА

Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка и добиле 500.000 евра

Французин ги повика да му се јават двајцата крадци кои ја искористиле неговата украдена картичка за да купат инстант лотарија…

February 25, 2025
ЗАБАВА

Хороскоп за мај: За некои знаци нова љубов, неочекувани промени и судбоносни пресврти!

Мај е месец на нови искуства, самодоверба и љубов што се буди под сончевите зраци. Искористи ја енергијата на пролетта…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?