Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата
МАКЕДОНИЈА

„Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата

Објавено April 22, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди, велигденските празници, место со 10 отсто поголеми плати, да ги минат без плата. Со централен транспарент „‘Извини’, Зоки, ‘морално’ (ли) беше“ културните работници си ја побараа платата, која во согласност со колективниот договор треба да биде 10 отсто повисока поради зголемените животни трошоци. Додека тие пред Министерството за култура кажуваа дека неисплатената плата не е само административна измама туку правно и морално предавство и обвинија дека оваа власт само ја продолжува традицијата од претходните власти поради што тие секој април мора да протестираат, Министерството за култура подготви нов начин за пресметка на платите.

„Добивме известување од сметководствените служби дека од страна на Министерството се доставени нови насоки за пресметка на плата, дека досегашните, каде што беше пресметана плата во согласност со колективниот и другите договори, не важат. Сега има нови насоки, на поинаков начин се пресметуваат тие 10 % од општиот колективен договор. Во моментот институциите не постапуваат по новите насоки бидејќи никому не му е јасно што треба да се направи во моментот. Се надеваме дека ќе добијат подетаљни насоки и се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници“, рече Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ).

Вработените во институциите од културата, кои сѐ уште немаат плата за март, добија безрезервна поддршка од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и на сегашниот министер за култура, исто како и на претходната министерка, му порача дека со протестот културните дошле кај некултурните во Владата. „Жал ми е што до вчера министерот седеше рамо до рамо со вас, но како министер со 79 % зголемена плата се бори против вашите плати предвидени со колективните договори, што лично сметам дека е срамно“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој ги повика вработените во културните институции на Први мај да му се придружат на протестот на ССМ.

„Дојдовме 300 луѓе пред три недели на протест – се исплашија. Денеска сме 3.000 – уште повеќе се плашат и им кажавме дека ќе дојдеме и 30 илјади. Нѐ бројат наместо да ни платат плати. Почитуван министре, луѓето очекуваат платата да им се исплати уште денес во согласност со колективниот договор, доколку не, како што ѝ порачавме и на претходната министерка, ќе ви порачаме и вам – ако не го направите Вие тоа, ќе го направи некој следен министер“, рече Трендафилов.

Со скандирање „Правда, правда“ и интонирање на државната химна заврши денешниот протест на културните работници, кои рекоа дека излегуваат на улица оти Министерството не ги слуша кога се обраќаат преку институциите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството
Следна Статија ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи и соработка со ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за градоначалници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват дека се слушнати и разбрани, почнуваат со сериозни…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

По само една недела вандали ја распарале вреќата за бокс и ги уништиле реквизите на теретаната во Паркот на Франкофонијата

Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејство со две деца заглавено со возило пред хотел Радика, снежната покривка е околу 80 сантиметри

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 11:43 часот добиена е пријава за заглавено возило на семејство со…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?