Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Објавено April 3, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин Ахмети, кој оперираше со овој објект, не успеал да го задржи имотот.

„Соравиа“ периодов беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект – „Соравиа Инвест“, во моментов тој е ставен на продажба од страна на извршител, по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра.

Во заклучокот, кој е јавно објавен на веб страницата на комората на извршители, стои дека почетната цена за објектот е 1.377.978.526 денари односно околу 22.406.000 евра. Извршителот наведува дека објектот се продава поради долг од околу 930.000 евра кон бугарската Прва инвестициска банка.

Огласот е објавен на 24 март, а лицитацијата ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Андреја Буневски. Во извршувањето на побарувањата се вклучени уште тројца извршители. Во заклучокот за лицитација се наведени сите катастарски наведени недвижности на центарот „Соравиа“.

Ова не е единствен долг на „Соравиа инвест“ кон истата банка која во 2020-тата издаде кредит на компанијата, а има и други пристигнати побарувања кон доверители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот
Следна Статија Џорџ Клуни го смени имиџот, тера стил на „италијански мафијаш“ 

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50%…

February 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во јуни се намали за 0, 5 проценти, на годишно ниво изнесува 3,4%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0,5%,…

July 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност и економски напредок

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот Александар Николоски на…

March 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Надворешниот долг на Македонија во третиот квартал е 4, 4 милијарди евра

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?