Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни
ХРОНИКА

Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни

Објавено June 29, 2025 23:02
Сподели
Сподели

Пожар избувна во валандовското село Јосифово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Првично гореше сува трева, но поради силниот ветер и високите температури, огнот се прошири и го загрози населеното место.

На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија.

Како што информираат од ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.

Пожарот е ставен под контрола со брза интервенција на пожарникарите.

Хеликоптерот не морал да интервенира, туку изврши само извиднички летови.

Според информациите на ЦУК, до 21 часот на територијата на државата се активни три пожари, и тоа во скопската Општина Шуто Оризари во населбата Визбегово, каде гори ѓубриште на дива депонија. Овој пожар претходно е изгаснат, но повторно е активиран.

Вториот пожар е во Општина Прилеп во селото Бешиште, каде гори сува трева и мешана шума, а третиот е во Општина Новаци, кај селото Градешница, каде гори шума.

Во државата денеска се евидентирани 25 пожари на отворено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: „Вчерашната Парада не е прашање на гордост, туку на срам!“
Следна Статија Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Саит Саитов постојано дивеел со „Пасат“ низ улиците, откако медиумите објавија, тој ги избришал видеата

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тинејџерот Саит Саитов, кој во петокот прегази и усмрти…

January 13, 2026
ХРОНИКА

Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или…

March 3, 2025
ХРОНИКА

Ќе се воведува казна за родителот чие дете е насилно во училиштето

Со закон да се овозможи казна за родителот чие дете врши насилство во училиште. Ова ќе го бара министерката за…

May 13, 2026
ХРОНИКА

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е осуден на две години…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?