Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза, дел од овој патен правец ќе биде пуштен во употреба пред ова лето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза, дел од овој патен правец ќе биде пуштен во употреба пред ова лето
ЕКОНОМИЈА

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза, дел од овој патен правец ќе биде пуштен во употреба пред ова лето

Објавено March 6, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија, влегува во завршна фаза. Овој автопат, дел од Коридорот 8, треба да ја подобри поврзаноста меѓу западниот дел на земјата и останатите региони, со што значително ќе се олесни сообраќајот и ќе се забрза економскиот развој.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, гостуваше на Сител телевизија, каде што најави дека дел од автопатот Кичево – Охрид, на кој се чека повеќе од деценија, ќе биде пуштен пред ова лето. „Зборот стои! Има бројни проблеми, но ги решаваме. Сега ќе има законски измени што ќе ја олеснат изградбата на оваа делница, на владина седница, а наскоро и во Собранието. Пред почетокот на летната сезона ќе пуштиме 40 километри“, изјави Николоски.

Оваа делница опфаќа делот од селото Врбјани до Охрид, со еден пресек кај селото Ботун, каде што има проблеми со косините. Автопатот е долг 57 километри и истиот ќе овозможи побезбедно и побрзо патување меѓу Кичево и Охрид, намалувајќи го времето на возење за повеќе од половина. Со целосното завршување, кое се очекува до крајот на 2025 година, Македонија ќе добие модерна сообраќајна инфраструктура, која ќе биде од клучно значење за туризмот и економскиот развој на регионот.

Инаку во моментов на автопатот Охрид – Кичево на потегот од селото Ново Село до Арбиново се поставуваат еластични огради и се исцртува хорзонтална сообраќајна сигнализација на новиот асфалт. На делницата се работи скоро во цела нејзина должина почнувајќи од Подмоље, потоа кај Требеништа и низ цела територија на општина Дебрца , како и на тунелите и мостовите на територијта на општина Кичево.

Проектот, кој започна во 2014 година, се соочи со бројни предизвици, вклучително геотехнички проблеми, дополнителни градежни работи и финансиски зголемувања. Првично предвидената инвестиција од 374 милиони евра се зголеми на околу 598 милиони евра, а крајниот рок за завршување неколкупати беше пролонгиран, од Министерството за транспорт и врски уверуваат дека оваа сума нема дополнително да се менува, и покрај пролонгирањето на роковите.

Покрај автопатот Кичево – Охрид, се планира и изградба на дополнителна делница од Букојчани до Кичево, со што ќе се обезбеди целосно автопатско поврзување меѓу Охрид, Скопје, Струга и Кичево. За овој проект, обезбедени се 123 милиони евра преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои 20 милиони евра се грант средства. Очекувањата се дека оваа делница ќе биде завршена до крајот на 2028 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
Следна Статија Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места

Шест месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ значи шест нови странски инвестиции и над 2000 нови вработувања. Првата инвестиција на…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на Филип Морис во Скопје во нивните деловни простории,…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Николоски: Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот

На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка, повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?